Не еден, туку повеќе „креатори“ стојат зад „Скопје 2014“, тврди обвинителката Јанева

Специјалната обвинителка Катица Јанева вечерва соопшти дека предистражната постапка за „Скопје 2014“ е во тек. Се спроведува финансиска истрага која треба да покаже каде се одлеале парите наменети за проектот.

Во „24 анализа“ Јанева рече дека за еден до три месеци е можно СЈО да излезе со детали во јавноста околу постапката.

На прашањето дали зад „Скопје 2014“ стои еден човек или се повеќе, обвинителката одговори дека станува збор за „креатори“.

– Има предистрага. Предмет на анализа се јавните набавки, како се правени нарачките. Сакаме да видиме дали има перење пари, а патот на парите го гледаме во тоа како се одлеани во туѓи џебови. Не сме стигнале до сума од 700 милиони евра како што наведуваат некои медиуми, истакна Јанева, додавајќи дека не може да каже ништо повеќе за да не ја компромитира истрагата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *