Седници на две собраниски комисии

Седници денеска ќе одржат собраниската Комисија за економски прашања и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Предлог-законот за изменување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог закон за изменување на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, се дел од законите кои членовите на Комисијата за економски прашања ќе ги разгледуваат во второ читање.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците исто така во второ читање ќе расправаат Предлог закон за изменување на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Македонија, Предлог закон за изменување на Законот за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Предлог закон за изменување на Законот за заштита на личните податоци, Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *