ОПАЃАЊЕ И ПРЕСТАНОК НА ГРЧКАТА ДОМИНАЦИЈА И КУЛТУРА, А СЕ ЗГОЛЕМИЛА МАКЕДОНСКА ДОМИНАЦИЈА ВО ЕВРОПА И АЗИЈА (7)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА   МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА

После крвава борба во Тева Александар се обратил за преговори кај Атињаните. Тие, исплашени после поразот на нивните сојузници, веднаш потпишале договор (капитулација) по желба на Александар.

Според договореното, тие морале да обезбедат за македонската војска бродови, еки- паж и сé што било потребно. Со договорот Александар бил назначен за хегемон, цар на сите Грци и на сите градови-држави од Коринтската лига.

Тогаш македонската војска на чело со Александар била подготвена за големата војна со најголемата Персиска Империја.

Една од најтешките војни била војната кај реката Граник во денешна Турција. На оваа река се сретнале двете најсилни војски на Дариј против македонската војска. Во оваа крвава и тешка борба македонците морале да ја преминат рекат Граник, каде на брегот ги чекала големат персиска војска и била потпомогната со 20.000 грчки платеници. Македонците ја победиле оваа голема војска со многу човечки загуби, а особено големи биле загубите од персиската војска.

Овде Александар во последен момент бил спасен од сигурна смрт од својот генерал Клеит. Во оваа војна имало повеќе од 20.000 антички грчки платеници кои се бореле најпожртвувано против Македонците и каде биле повеќе од 18.000 биле погубени и околу 2.000 грчки платеници кои останале живи под телата на нивните соборци, биле заробени, врзани со синџири и како затвореници испратени во Македонија да работаат во рудуниците.

Друга голема и тешка борба на Александар била кај Иссус, исто така, во денешна Турција. И борбата кај градот Газа завршила, исто така, со победа на македонската војска. Борбата и освојувањето на Персополис завршила со уништување и горење на градот.

Друга тешка борба на македонската војска била борбата за Островот Тир во денешен Либан. Борбата за овој остров била долга и тешка, и траела околу една година. Александар извојувал победа, но со многу жртви на двете страни.

Египет бил лесно освоен од Македонците затоа што брзо капитулирал како би се ослободиле од Персиската тиранија.

И овде, како и во претходните борби, грчките платеници кои се бореле во војската на Дариј доминирале со својата борбеност. Овие грчки војници биле доброволци, што било против договорениот договор со Коринтската лига, поради што Александар бил дополнително вознемирен и немилосрден кон нив.

Над 60.000 грчки платеници се бореле против Македонците и доброволно гинеле. Војската на Александар напредувала, и кај местото Арбела, во денесен Ирак, Персеполис, Бактриа, Александар се оженил со Роксана, убавата бактриска принце- за. Исто така, и во воените напади кај реката Хидаспес (Јелум) во Индија и Сангала имало големи жтрви од двете страни при што овие градови потпаднале под Македонската Александрова Империја. Македонската војска била премногу изморена и откажала послушност на Александар. Тогаш Александар бил приморан да престане со војната и да се врати назад во Македонија.

Војската била поделена на два дела, едниот дел требало да се враќаат низ море блиску до морскиот брег, а другиот дел преку копно низ пустините во Азија. Враќањето се одвивало во екстремно тешки услови со многу човечки маки и жртви, но враќањето на крајот завршило успешно и тие пристигнале со преживеаните војници до Вавилон. Овде Александар III Македонски, по кратко боледување, починал на 10 јуни 323 година, во неговата 33 година од животот, оставајќи ја својата Империја на неговите генерали.

Најважно е овде да се напомне дека во војската на Александар немало назначено никакви грчки војници на раководни места или генерали затоа што немал доверба во нив. Речиси целата македонска војска била составена од Македонци и генерали од присвоените територии кои станале дел од македонската држава и Империја. Странските војници се тренирале да применува- ат македонски воени тактики на војување, оби- чаи и култури.

Иако Александар и неговиот татко Филип Втори имале симпатии кон античките Грци и нивната култура и го зборувале грчкиот јазик, никогаш во нивниот живот не се чувствувале како Грци туку биле горди Македонци.

Со појавата и напредокот на Македонците и со Македонското Кралство на чело со големиот Филип Втори и неговиот син Александар Трети Велики почнува опаѓање и престанок на грчката доминација и култура, а македонската доминација во Европа и Азија станувала сè подоминантна и многу важна за целиот тогашен свет па и до денешно време.

1opa12

Важноста на кралот Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски во целиот тогашен свет е во тоа што тие успеале да ја создадат и прошират Македонија од една мала и доста заостаната држава во регионот во една од најмоќните империи до крајот на тогашниот свет. Филип II успеал да ги потчини сите Грци и завладеал во сите грчки градови од Коринтската лига поради што бил најнеомилениот крал и личност. Со неговата умешност и дисциплина тој одлично ја подготвил македонската војска со воена вештина и стратегија.

Филип Втори Македонски станал крал (Бог) на сите Грци во големата и успешна борба кај местото Коронеа заедно со неговиот млад син Александар Трети и завладеал со сите, Илири, Епироти, Молози, Тракијци, Спартанци, Тесалијци, Паеонци и Линкестидиди.

Една од познатите негови стратегии била и женидбата со жени од противничките држави. Филип бил женет со Илирката Аудита, Дарданката Фила, Тесалијката Никесиполис, Филина од Лариса, Тракијката Меда, Епирката Олимпија и на крајот Ма- кедонката Клеопатра за која женидба имал многу закани и проблеми од неговата жена Олимпија.

По убиството на Филип Втори Македонски во 336 година од Певзани од Орестида (во близина на денешен Костур), кој бил Филипов телохранител, Певзани од свои лични причини посегнал по Филип во врска со нерасчистени сексуални односи меѓу Филип и Аталус.

До денес останува неодговорено прашањето – Кој имал корист од смртта на Филип Втори, дали Олимпија, дали династијата Линкестиди? За ова прашање нема точно докажани информации или сознанија. Едно е точно, покрај Олимпија, Грците од Атина и од Коринтската лига најмногу се радувале и прославувале за смртта на Филип Втори, веројатно мислејќи дека македонската ти- ранија над нив засекогаш е завршена.

Со прогласувањето на Александар Трети Македонски за крал на Македонците и сите окупирани држави и народи очекувањата на Грците да се ослободат од македонската доминација не се оствариле.

Смртта на Александар Трети Македонски на 10 јуни 323 година најрадосно го прославиле Атињаните со песни и музика. Тогаш и Аристотел морал да ја напушти Атина , затоа што постоеше опасност да биде осуден и погубен од Анти македонските лобисти кој биле присутни насекаде во Атина. Аристотел веднаш ја напуштил Атина и заминал назад во Македонија на Халкидики на островот Еубоја каде останал до крајот на својот живот. (Suzanne Bobzien-The philosophy of Aristotle, Signet classics).

Но и тогаш македонската доминација и тиранија над Грците не завршила. Македонските кралеви и понатаму ја продолжиле својата територијална независност сè до македонската окупација од Римското Царство кое било повикано од Грците како би биле ослободени од македонската доминација.

Заклучок: Кралот Филип Втори и кралот Александар Трети создадоа една од најмоќните и најголема Македонска Империја како Македонци со македонска војска, а не со античката грчката војска.

Филип и Александар Македонски биле „антички Грци“само тогаш кога им се заканувала опасност од побуна на античките Грци и нивната Коринтска лига.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *