Со дуелот меѓу Кил и Пик Сегед, вечерва почнува нокаут фазата од машката Лига на шампиони во ракомет. Нашиот претставник, инаку актуелен европски првак, Вардар, е слободен во осминафиналето во чии рамки се игра овој дуел, а во четвртфиналето го очекува победникот.
“Црвено-црните” се надеваат дека ќе можат да го повторат ланскиот успех, иако се свесни дека тоа ќе биде навистина тешко.
Во останатите натпревари се среќаваат:
Кијелце – Ловен
Брест – Нант
Кристијанштад – Фленсбург
Скјерн – Веспрем
Монпелје – Барселона
Вардар веќе ги одреди цените на влезниците за четвртфиналето. Тие во зависност од местата, ќе се движат од 200-600 денари. Од денеска па до 5 април, можност први да дојдат до влезници за таа средба ќе имаат имателите на блок влезници за домашното првенство, а од 6. април стартува слободната продажба.
Што се однесува до женската екипа и ЛШ, влезниците за четвртфиналниот натпревар со Митјиланд, кој ќе се игра на 14. април, се продаваат по цена од 150-300 денари.