ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА
Филота бил изнесен пред воениот суд каде бил прогласен за виновен и обвинет за затајувањето во врска со планираниот атентат и непријавувањето кај кралот Александар. Кралот лично му објас- нил на Филота дека ќе биде суден од воениот суд на македонската војска.
Филота и неговиот татко Парменио биле по потекло од Пелагонија и тие биле најдоверливи од сите генерали кои имале самостојни права во управување на војската.
Тие двајцата биле едни од најзаслужните борци и генерали во македонската војска. Но со време односите помеѓу Александар, Филота и Парменио се нарушиле поради непримерното однесување на Филота со Александар и македонските војници.
Незадоволството кај македонските војници пораснало до тој степен што се спремало атентат над Александар. Иако Филота бил известен за овој план од еден од војниците по име Цевалинус, Филота не го пријавил тоа кај Александар, иако бил замолен тоа да го стори веднаш. Филота и Александар имале неколку состаноци заедно, но Филота не го известил Александар за атентатот што се спремал за уништување на неговиот живот.
По извесно време планот за атентат Александар го дознал од еден од неговите војници кој, истовремено, му кажал на Александар дека Филота требало да го извести кралот Александар за планираниот атентат. Александар бил крајно вознемирен и побарал Филота под итно да се до- несе на рапорт.
Веднаш било наредено да се започне истрага, во која се применувала и тортура со цел да се дојде до вистината, за тоа кој го организирал овој атентат. По кратко време Филота бил изнесен пред воениот суд каде бил прогласен за виновен и обвинет за затајувањето во вр- ска со планираниот атентат и непријавувањето кај кралот Александар. Кралот лично му објас- нил на Филота дека ќе биде суден од воениот суд на македонската војска.
Истовремено го запрашал Филота на кој ја- зик сака да се брани? Филота брзо одговорил „на грчки“ тогаш Александар го погледнал со остар поглед велејќи им на судиите -„Гледате ли, Филота се срами да говори на својот мајчин јазик и како ќе ги сака Македонците“ и го опоменал Филота како Македонец, според законот, мора да зборува и комуницира со војската на мајчин македонски јазик.
Тогаш Филота му одговорил дека ако зборува на грчки јазик повеќе ќе го разберат и потоа Александар му одобрил со зборовите „Овде има демократија и ти имаш право да се браниш на кој јазик сакаш“. Филота, пак, му одговорил на Александар „Не сакам да говорам на јазикот кој ти го зборуваш кога сакаш да не те разберат,“ налутен Александар ја напуштил судницата несакајќи да го слуша Филота да зборува на грчки јазик.
По кратко време судот го прогласил Филота за виновен за организирање план и атентат над Александар. Тогаш, по кратко време, Филота бил осуден на смрт со каменување кое беше вообичаено по македонските закони. Исто така, според Законот мора да се погубат и целата негова фамилија во овој случај и неговиот татко Парменио кој бил најзаслужен и најискусен генерал во сите борби на Филип и Александар.
Филота и неговиот татко биле погубени кратко време по изречената казна. После овој брутален чин во македонската војска завладеала голема паника и страв.
КОНФЛИКТ ПОМЕЃУ АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ СО КЛЕИТ ЦРНИОТ
(Еден од најдобрите генерали и личен пријател на Александар)
Конфликтот помеѓу Александар и Клеит се случил за време на еден банкет во чест на побе- дата на македонската над персиската војска кај местото Мараканда.
Банкетот започнал со пиење вино и добра храна, но по кратко време, кога речиси сите војници па и Александар биле под дејство на алкохол, Александар во шега ги пофалил грчките платеници за нивните заслуги во победите против перси- ската војска. Овој коментар на Александар не бил добредојден кај македонските војници. Александар, полупијан, почнал да го негира и неговиот татко Филип за кој зборувал дека тој не бил негов роден татко, дека богот Амон бил негов татко.
После овие недвосмислени испади на Александар, македонските војници се чувствувале на- вредени, а особено Клеит бил крајно вознемирен и најмногу навреден. Тој станал од столот и му пришол на Александар велејќи „Од ова што ти го кажуваш треба да се засрамиш и да знаеш дека сè што имаш ти е наследено од твојот татко и од македонските војници кои се жртвувале и придонеле за сè што е постигнато до сега. И немој да заборавиш дека Клеит беше тој кој ти го спаси животот во борбата кај реката Граник“.
Навредите помеѓу Александар и Клеит станале уште погласни, понавредливи и Александар во лутината грабнал едно јаболко од масата фрлајќи го кон Клеит, и извикал за узбуна на чист македонски јазик. Тогаш обезбедувањето ги одвои- ло и Клеит бил отстранет надвор од банкетната просторија. За кратко време ситуацијата била смирена. Александар не престанал со навредите и повторно наредил на музиката да продолжат со пеењето на грчки јазик кој бил навредлив за Македонците.
Судот на Александар
Откако Клеит слушнал како музиката пее со навреди спрема Македонците влегол, пак, во банкетната сала и продолжил да се расправа со Александар на многу висок тон. Александар не можел да се воздржи повеќе, го грабнал копјето од војникот до него и смртно го прободел неговиот генерал и најдобар другар од детството. Веднаш кога се смирила ситуацијата Александар се каел и тагувал за Клеит лежејќи неколку денови над без- животното тело на неговиот најдобар другар.
За првпат во македонската војска Александар го назначил историчарот, Калистен еден од најспособните историчари, за оратор и мотиватор на војската. Главната цел му била тој да пишува и рапортира за успесите на македонската војска и да ги испраќа во Атина како пропаганден материјал.
Александар дознал дека Калистен не пишувал позитивни рапорти за македонската војска и постојано испраќал негативни извештаи во Атина критикувајќи ги македонските војници. Покрај сето ова Калистен бил, исто така, отворено револтиран против законот кој Александар го спроведувал во врска за почитување на кралот.
Тоа значело, секогаш кога Александар ќе се појавел сите морале веднаш да се поклонат и да легнат на под, што било и персиски закон.
Александар, исто така, почнал да назначува персиски војници и генерали во македонската војска и да се облекува во ориентален персиски стил. Овoa не било добро прифатено од македонските и грчките војници.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН