НА ПАТ ЗА ВАРАЖДИН ‒ НА ОТСЛУЖУВАЊЕ НА ВОЕНАТА ОБВРСКА (11)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИВАН ТРПОСКИ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА ВО ДЕЛОТО „ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ“

Ова продолжение ќе го посветиме на дел од активностите и случувањата на Иван Трпоски во Вараждин, во Хрватска каде ги започна своите обврски како личност да ја брани својата татковина и да биде член на Југословенска армија, што за него беше чест. Гордост и обврска како младич.

Двенеделниот престој во Волино и околината ми мина мно- гу брзо. Најпрво од Воeниот отсек во Охрид ме упатија во Струга каде се наоѓаше мојата адреса на живеење, потоа не сакаа да ме пуштат со мартовската регрутска генерација, туку рекоа дека сум бил предвиден за септемвриската генерација. Моли, коли, ајде некако со пријатели (за да служам војник), ми дадоа покана за на 29 март 1964 година, за да се јавам во вараждинската касарна „Маршал Тито“. За мојот краток престој немав доволно време за да им посветам ниту на другарите, ниту пак на моите домашни, повеќе од времето го поминав во Волино со повремени шетки низ Охрид и Струга.

На 28 март 1964 година во нашиот дом се насобраа полно роднини, пријатели, другари и соселани за да ми посакаат среќен пат за ЈНА. Покрај муабетењата, вечерта се испеаја и многу песни, меѓу кои и онаа на даскалот Величко Степаноски: „Позивот ми дој- де јас војник да одам…“ Другиот ден, уште рано изутрината, се поздравивме со роднините, кои како и секогаш, ме тераа пред праг да турнам полн ѓум со вода, потоа ми даваа и помали вредносни хартии (пари) и, најпосле, дојдоа повеќето да ме испратат до Плачи Мост, на крај село. Оттаму, со коњски коли, со Јордан Тупанчески, кој исто така патуваше во ЈНА, а ќе служеше во Валјево, се од- возивме до Струга. Замислете, поради страв да не го испуштиме возот од Битола за Сежана, од Струга до Битола, наместо со авто- бус, нас нѐ превозија во војнички камион. Каква брзина развиваше возачот и како се прпелкавме под церадата, знаат само оние што учествувале на воени маневри!

Возот во Битола отседа неколку минути чекајќи нѐ нас неколкумина од Струшко. За мене патот низ Југославија беше многу едноставен, но за Јордан оваа маршрута, по која за првпат со голем воз ќе патува надвор од Македонија, го притискаше нервоза и страв. Тој попатно често ме прашуваше, за местата низ кои минувавме, за градовите, за планините… јас му давав морал, за да не се плаши, ниту од оддалеченоста, ниту од новите лица со кои ќе војникува, сето тоа ќе го преживее како и многумина пред него. Во еден таков својски амбиент со Јордан се разделивме во Валјево, каде тој остана, а јас продолжив со возот за Вараждин, во Хрватска.

Еве стигнавме во Вараждин, во овој хрватски град, кој нај- многу е познат по една од најголемите југословенски фабрики за производство на текстилни ткаенини „Вартекс“, каде неколку илја- ди вработени го вадат својот леб и, секако, по модерните вараждин- ски гробишта кои ги сметаат за втори во Европа, по гробиштата во Париз. Овие две обележја ќе ни бидат од поголема важност при отслужувањето на воениот рок, во овој не многу голем хрватски град. Низ градските гробишта ќе шетаме во слободните денови, а пред „Вартекс“ ќе ги гледаме младите русокоси текстилки и ќе се вљубуваме во нив.

Полно регрути се истоварија на вараждинската возна стани- ца. Две воени лица нè собраа и ни ги прочитаа имињата, по кое групно нѐ вотнаа во воената касарна „Маршал Тито“. На влезот од касарната со покрупни букви пишуваше: „Добро ни дојдовте дра- ги регрути“. А некој во смеа дофрли, прочитајте ја плакатата и од внатре, па ќе видете дека пишува: „А сега сте се заебале!“ Во овој монашки простор атмосферата веднаш се промени. Старешините, облечени во испеглани костуми, со кренати глави и намрштени лица, парадирајќи, просто нѐ стрелаа со нивните змиски погледи. Војниците, пак, како уплашени глувци бегаа од нивната присут- ност. Во овој воен двор, кој е опкружен со касарнските згради и високи ѕидови, веднаш насетуваме како се наредува, малтретира, извршува, казнува…

Најпрво нѐ испрскаа со прашоци, потоа нѐ острижија до гола кожа, па ни ги собраа алиштата и ги ставија во некакви книжни пакети, кои подоцна им ги испративме на своите роднини. Потоа нѐ задолжија со војнички алишта, нѐ слекоа угол голи и по групи од педесет војници нѐ пикнаа под тушевите на огромното касарнско купатило. Таму, под неколку минутна воена наредба се сапуњавме, миевме, бришевме и облекувавме. Тука не- маше привилегии за посебно капење или изговор дека немав време за да се исплакнам. Овде немаше криење на полови органи. Ако некои се срамеа за да ги откријат своите полови органи, тогаш дру- гите војници на сила ќе им ги откриеја за да им ги видат пенисот и мадињата. И, што е најважно, во воениот двор веднаш се дозна- ваше за личности со ненормални димензии на половите органи, по кое во текот на отслужувањето на војниот рок, нив често им се исмејуваа нивните колеги.

Ме одредија во Четвртата пешадиска чета, во придружен вод. Од облека ме задолжија со: капа со симболот ‒ петокрака, зимски шињел, палто, панталони (летни и зимни), две кошули (подоцна и вратоврска), цокули (подоцна и чизмички), шоферици (подоцна чорапи) и глежњаци. А од наоружување ме задолжија со: минофр- лачко постолје (23 кгр), пушка, фишеклии, бајонет, лопатче, ра- нец, шаторско крило, колчиња, јаже, гас маска, шлем, матарка… Четата се состоеше од четири водови со по дваесетина војници. Од старешините ги имавме: водник стажист (обично учен човек кој служеше само една година), водник (прва, втора и трета класа), а старешина на четата, кој беше одговорен за облека и наоружување, обично беше заставник по чин, а главен старешина на кој секое утро му се предаваше рапорт беше капетан (од прва до четврта класа).

Главен официр ни беше генерал мајор. Ако се направеше проблем од недисциплина и слично, тој требаше да се исправи, со молба и по рангови: од разводник, десетар до сите погоре спом- нати офицерски чинови. Обвинетиот не може да бара помош со прескокнување. Но и во овие воени дисциплини има безобразни старешини. Тие те учат за да поздравиш и за да отпоздравиш, а на секоја наредба да кажеш: „Разбирам!“ Но на некој офицер (повеќе- то беа Срби), ако им речеше: „Разбирам!“, тие ќе ти се издереа со зборовите: „Разбираш, мој ку…!“, со кое војникот го ставаа во бунило, дали треба другпат повторно да им одговори со: „Разбирам“ или да молчи?

Од сите воени правила, најпрва беше воената обврска, која јавно требаше да се изговори и со потпис пред офицер да се по- тврди, по што следуваше честитање, зашто веќе јавно си стапил во редовите на ЈНА и си се обврзал дека со сопствената крв ќе ја браниш татковината која се протега од Триглав до Гевгелија… Тешко нас?

Во трпезаријата влегувавме построени. За секој вод имаше посебна маса. На неа беа сместени паници, лажици и вилушки. На среде од масата имаше неколку поголеми тенџериња во кои беше ставена готвена храна од која со ред се црпеше. Во други широки паници имаше мешана салата, па секој по ред си се послужуваше. Храната беше многу вкусна, особено гравот. Пред да се сервира храната, во кујната влегуваа дежурниот офицер и еден специјален цивилен готвач. Додека не даде зелено светло специјалниот готвач, не смее да се употребува зготвената храна. Еднаш храната ја најдоа фалшлива и ја истурија, а нам ни дадоа да јадеме двопек и конзер- вирано месо. Војниците на смеа велеа: „Бања армија, мајка трпе- зарија!“ Секое утро точно во шест часот алармантно се стануваше. Се облекувавме, миевме и креветите ги правевме прописно.

Ние сè уште спиевме на сламарици, додека во некои касарни тие беа исфрлени од употреба. Ако не беше прописно креветот направен, дежурниот офицер ја растуруваше сламарицата, од која сламата паѓаше на подот, па за пет минути мораше креветот повторно да се направи и подот да се исчисти. Потоа на брзина се излегуваше во строј. На утринскиот преглед, ако дежурниот офицер те најде неизбричен, нечист или без копче на облеката, мораше за десети- на минути тоа да се поправи и во строј да се јавиш исправен. Ако проблемот се повтори на ист војник, тогаш тој добива и прекуредна казна со редарење, чистење, рибање итн.

По утринската смотра се трчаа неколку кругови околу касарните, а потоа во воениот двор се изведуваа вежби. По вежбите се одеше на доручек, а потоа се одеше во училница на утринска настава, па во строј со опрема се патуваше на воениот полигон каде се одржуваа предавања за воени вежби. Попладне се враќавме во касарните, каде се ручаше, па имаше мал одмор, а другото време беше резервирано за да се чисти спалната соба, да се пере облека, да се пишуваат писма или да се оди во чи- тална каде се читаа книги, дневен печат или се гледаше ТВ програ- ма во црно-бела техника. Вечерта во осум часот се оди на вечера, па се има слободни активности до десет, кога трубата свири за спиење и по сите соби во касарните светлата се гаснат и владее мир.

Проодолжува

1sla2 Подготвил: СЛАВЕ КАТИН

3 thoughts on “НА ПАТ ЗА ВАРАЖДИН ‒ НА ОТСЛУЖУВАЊЕ НА ВОЕНАТА ОБВРСКА (11)

  1. Good day! Do you know if they make any plugins to help with Search Engine Optimization? I’m trying
    to get my website to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good gains.
    If you know of any please share. Many thanks! I saw similar article here: GSA Verified List

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *