ЗНАЧАЈНИ ОТКРИТИЈА НА ТИМОТ НА АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ВО ИНДИЈА (6)    

 

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Исто така, се претпоставува дека по примањето на вестите, поради политички и воени причини, Александар Македонски се вратил назад од Хифас. Меѓутоа, ова гледиште е контрадикторно на сигурните извори. Според тоа, нема сомнение дека по примањето на вестите тој навистина сакал да ја покори државата Ганг, и таа определба мора да се има предвид при формирањето слика за Александар Македонски. Поинаку не ќе достига една карактеристика за него.

Меѓутоа, кога Александар дојде до Хифас и ѝ ги изложи на војската своите огромни планови, наиде на одбивање. Тоа не беше момент кога античките Македонци се противставија на кралската политика за освојување на светот, туку тоа беше одбивање како последица на големата физичка и интелектуална исцрпувачка.

Досега Александар Македонски со шарм на својата лична способност ги водеше со себе кон големите постигања. Единиците што го следеа од дома, според пресметките на Коунт Јорк фон Вартенбург, за осум и пол години од Амфипол до Хифас поминале 11.250 милји. Во секој случај тоа е подвиг на издржливоста. Александар Македонски сега беше соочен со невозможноста од преземање нов поход со своите сосем исцрпени војници.

Беспомошната ситуација и расположението на војската кај Хифас, главно, се објаснува со тропските врнежи кои непрекинато паѓаа дури и седумдесет дена во Таксила и се истураа врз нив без престанок.

На Александар Македонски му беше многу тешко да влезе во својот шатор, па безволно остана два дена, не можејќи да не се соочи со безнадежноста на својот план. Кога нареди да се приложи обична жртва за преминувањето на реката, а тоа се покажа неповолно, тој најави дека сака да се врати назад, што предизвика прекумерна веселба кај војската. Меѓутоа откако се совлада самиот себеси повторно ја стави состојбата под своја контрола.

Арно ама, одбивањето на античките Македонци негативно се одрази во неговата душа. Можеби токму тоа придонесе подоцна, но не се знае точно кога, да нареди 30.000 млади Персијци со посебна моќ и убавина да бидат избрани и тренирани со античко македонско оружје, со цел да се формира фаланга што прилега на македонската. Овие таканаречени епигони во 324 година веќе парадираа пред кралот во Суса.

Во спомен на неговото доаѓање до Хифас и за благодарност на боговите кои дотогаш победоносно го водеа, како и неговиот прадедо Херакле, кој ги изгради столбовите во далечниот Запад, Александар Македонски изгради дванаесет големи како кули олтари на брегот од реката. Од она што се однесува на Вавилон се дознава дека ова било за дванаесетте знаци на зодијак.

Всушност, тоа беа дванаесет богови на античка Македонија на кои им беа подигнати овие олтари. Потоа Александар Македонски го започна маршот назад кон Хидасп. Тој не се соочи со никакви тешкотии во оваа земја, која беше споена со кралството на верниот Порус.

Во Ацесин дојде до градот што го носеше неговото име, каде Хефестион по наредба од Александар Македонски ја започна изградбата и го насели со тамошно население, а ги изгони наемниците.

Тука се сретна со дипломатскиот претставник на Абисар од Кашмир, кој му даде триесет слонови како подарок, кој сега беше признат за вазален принц на земјата, независен од Таксил, со титула намесник. Оваа состојба беше трајна, бидејќи и по смртта на Абисар (325) го потврди неговиот син како наследник кој го носеше неговото име.

Во меѓувреме двата нови града на реката Хидасп, Никеа и Букефалија, многу настрадаа од постојаните дождови, бидејќи беа изградени од плитари. Александар Македонски ги обнови со своите единици.

Најнеопходно потоа беше да се заврши со изградбата на флотата што му ја довери на Кратер. Луѓето беа испраќани спротиводно по реката Хидасп во пределот на Хималаите, каде растат елки, за да го пуштат да плови градежното дрво што ќе послужи за изградба на бродови.

Кралот кој се откажа од одење кон Источниот Океан, сега копнееше да плови низводно по реката Инд, која според тамошното население се влеваше во океанот на југ. Беа направени големи напори за да се изгради флотата, која беше многу силна кога започна патувањето.

Флотата се состоеше од 80 бродови со по триесет веслачи, приспособени како воени бродови и стотици коњи за превоз, бродови за превоз на жито, како и други лесни бродови за луѓе или товар и други позајмени бродови од соседството, а кои сите заедно броеја најмалку 800 бродови.

За да ги плати трошоците, Александар Македонски избра триесет најбогати од присутните, меѓу нив седуммина телесни стражари и на атински начин ги постави да бидат заповедници на веслачите. Тоа веројатно не го направи многу од економска причина, да заштеди од кралската благајна, туку им даде слобода да учествуваат во потфатот како негови следбеници

Екипажот на бродовите беше формиран со поморци од Исток, како Феникијци, Кипарци, Каријци и Египќани, кои го следеа во караванот што пренесуваше воена опрема, a и од антички Грци кои беа навикнале на морето, од островите, од Јонија и од Хелеспонт, кои беа избрани од војската.

 

Продолжува

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *