ПОСЛЕДНАТА БИТКА ЗА КОЊОТ БУКЕФАЛ И ОТКРИТИЈАТА ВО ИНДИЈА (5)  

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД  УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Во тој момент пешадијата на Александар Македонски, која во меѓувреме пристигна, го нападна центарот на Индијците каде што настана голема забуна, која стана уште пострашна кога слоновите, чии гоначи наскоро беа убиени од стрелците на Александар Македонски, се здивија и изгазија повеќе Индијци отколку непријатели

Наспроти индискиот храбар отпор, крајот на ужасната битка беше нивно целосно уништување. На крајот беа опколени, а и притиснати од Кратер, кој во меѓувреме како генерал беше јасен и многу убедлив, посебно во оваа битка на Хидасп.

Кралот Пор, џинот на машката убавина, се бореше до последен здив со најголема храброст сé додека не беше ранет, истоштен и опколен од победникот. Тој се покажа како добар генерал со распоредувањето на војската пред и за време на битката, меѓутоа, тој сигурно не му беше рамен на генијалниот Александар Македонски.

Прикаската оди дотаму што вели дека кога Александар Македонски се сретна со него по битката и одушевувајќи се од неговиот добар изглед, го прашал како би сакал да биде третиран, а Порус одговорил, „како крал”.

Дури ако ова е измислица, за што има веројатност, Александар Македонски, највитешкиот маж, кој не ценеше ништо толку многу кај непријателот колку витештвото, спрема него постапи како кон крал, без да му го потчини на некој намесник, а подоцна го прошири неговото царство до Хифасис.

Кралот Порус му возврати со верност до смртта. Политички беше од огромно значење за Александар Македонски кај овој моќен владетел да добие поддршка на својата власт во Пенџаб. Ситуацијата уште повеќе се стабилизира со смирувањето на старнте непријатели Порус и Таксил.

За да го зачува она за што се бореше, Александар Македонски изгради на реката Хидасп два антички елински града, еден Никеа (Победа), каде што успеа да ја премине реката, а другиот го изгради на местото каде што се водеше битката, именувајќн го Букефалија по својот прочуен коњ за јавање кој поради старост пцовиса таму. Беа организирани гимнастичко натпреварување и коњичка трка на брегот на Хидасп, со цел да се прослави победата.

По долгиот одмор, Александар Македонски тргна кон исток и прво втаса до реката Ацесин, во која на југ се влева реката Хидасп и на крајот двете се влеваат во рецата Инд. Овде изврши набљудување со кое дојде до една географска хипотеза. Крокодилите од реката Инд го потсетуваа на Египет.

Кога кај Ацесин виде и египетски грав, а во комбинација со информацијата дека Ацесин се влева во Инд, заклучи дека се наоѓа во земјата од каде што извира реката Нил. Неговата радост за откритието ја спомна во едно писмо до мајка си, а веќе планираше да испрати експедиција во Египет по текот на реката Инд.

Од ова може да се види дека тој и неговата свита ништо не знаеја за патувањето по големата река Инд, кое според Херодот, го изведе Сцилакс од Карианда по наредба на Дарие I.

Згора на тоа, со овој заклучок јасно е осветлено целосното игнорирање од страна на Александар Македонски на јужната граница на Азија, особено на Индискиот Океан. Единствено подоцна погрешно може да се разбере делото од Клитарх во кое тврди дека Александар Македонски дури и на реката Хидасп, веднаш по битката со Порус, наредил да се изгради флота и да отплови во Големото Mope, a тоа е Индискиот Океан. Александар дотогаш не беше слушнал за Големото Mope.

По претпоставката дека Инд е Нил, тој слушна од тамошното население дека водите на реката Инд се влеваат во Големото Mope. Потоа, за да ја провери таа информација, Александар Македонски нареди да се изгради флота со цел да доплови до Големото Mope. Овие наредби тој ги испрати до реката Хидасп, бидејќи таму го имаше оставено Кратер со една дивизија војници да ги гради двата града.

Можеби новите вести за Јужниот Океан предизвикаа сомнение кај Александар Македонски во точноста на неговото сфаќање дека со напредување низ Пенџаб ќе мора наскоро да втаса до Источниот Океан. Аристотел погрешно мислеше дека океанот може и да се види од планината Хинду-Куш, а може да се дојде таму минувајќи ја долината Кабул.

Веројатно љубопитен да го реши проблемот со Источниот Океан, а бидејќи за изградбата на флота беше потребно подолго време, тој се упати кон исток. Александар Македонски брзаше да ги прими новите и изненадувачки информации кои поттикнаа многу сериозни одлуки. Во своето напредување ги потчини племињата на источен Пенџаб, често со не голем отпор.

Тој мораше многу да се бори со Катеанците за нивниот град Сангала, a no преминувањето на реката Хидраот се приближи кон Хифас, големата река на Пенџаб, каде што дозна од Фегај, кралот на тој регион, дека зад Хифас прво има пустина што може да се премине за дваесет дена, а потоа е големата река по име Ганг, најголема од сите индиски реки, на чии брегови живее воинствениот богат народ Прасијци и Гангаридци кои имаат илјадници слонови.

Порус, неговиот верен вазал, ја потврди точноста на оваа вест. Тоа беше првпат еден европеец да слушне за реката Ганг. Во тој момент дотогашното сфаќање на Александар Македонски за светот целосно се измени. Источниот Океан во кој се влеваше реката Ганг се оддалечи до неопределено растојание. Дали тогаш тој би се откажал од намерата да достигне до источниот – крај на светот.

Подоцна се претпоставуваше дека тој никогаш не ја имал таа намера, бидејќи неговата наредба да се изгради флота на Хидасп покажа дека во прв ред мислеше само на патувањето по реката Инд, а постои сомнение во тоа дека некогаш ја примил гореспоменатата информација за реката Ганг. Друго гледиште, меѓутоа, од одлични извори, сведочи дека Александар ништо не знаел за реката Ганг кога ја издал наредбата за изградбата на флота.

 

Продолжува

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН