Гарсија Перез: Поддршка на новата динамика во процесот на пристапните преговори

Сега е најдобро време заеднички да се работи. Тука сум да пратам јасна политичка порака од нашето политичко семјество, втората најголема политичка група во Европскиот парламент со над 150 пратеници, но и со осум комесари во Европската комисија. Тука сум да ја поддржам оваа нова динамика во процесот на пристапните преговори, но и да и честитам на Владата на премиерот Ковачевски за успесиите не само во овој процес на пристапување, туку и за социјалдемокартските политики.

Ова го истакна европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во ЕП Ираче Гарсија Перез на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски. Таа посочи дека беше потребно лидрство да се донесат овие одлуки затоа што вредат и може да донесат подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија, особено за социјалните политики во време на криза, начинот на кој што се грижат за луѓето, ги зголемуваат просечните и минималните плати, нудат субвенција за електрична енегрија и за осоновни производи, со кои се поддржуваат и најранливите категории граѓани.  Ја потенцира и европската иднина на земјава која ги започна преговорите и скринингот.

-Знам дека дојдов во могу важен момент тука. Северна Македонија припаѓа во ЕУ, таа е дел од европското семјство, и ние тесно соработуваме со вас, но вашата иднина е во ваши раце и во волјата на Собранието и на граѓаните. Важно е да се остават партските интереси на страна и да се здружат напорите да се најде компрмис за потребните реформи, да се стават националните интереси над партиските, да се биде дел од ЕУ не е интерес на Владата туку тоа е во интерес на граѓаните и на државата, рече Перез Гарсија, која утре заминува во Албанија.

Таа најави дека во Тирана престои важен самит на ЕУ и регионот на 6 декември, а социјалдемократите на 8-ми декември во Виена ќе организираат самит за прогресивен Западен Балкан каде што ќе се подготви старетегија за нов стимул за проширувањето со регионот, за што работат на подготовка на декларација.

-Имаме многу работи заеднички да ги завршиме. Кога сме заедно сме посилни и треба да соработуваме, рече Перез Гарсија.

Премиерот Ковачевски пак, се осврна на отпочнувањето на преговорите на 19 јули, кое рече, означува ново поглавјле во односите со ЕУ, за скрининг процесот кој очекува да заврши за 14 месеци и за договорот со Фронтекст со кој се потврди заштитата на македонскиот јазик и идентитет. Целта е, рече, полноправно членство во ЕУ, како награда на овој европски пат кој нема да биде лесен.

– Сега само и единствено од нас зависи овој европски пат, односно зависи од 120 пратеници во Собранието кои се претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат подобар живот, сакаат земјата да е члленка на ЕУ, децата да им останат дома и тука да си ја градат својата иднина, рече Ковачевски.

Тој кажа дека ЕУ се покажа како партнер од довреба и ги исполни своите ветувања, потсети на посетата на Фон дел Лајен која вети 80 милиони евра за справување со енергетската криза. Ги претстави и владините мерки во тој контекст, кои вели, покажаа дека сме одговорна Влада која се придржува до социјалдемокартските принципи преку зголемување на мининамалната плата, на платите и пензиите со крајна цел сголемување  на животниот стандард на граѓаните и заштита на најранливите кетагории граѓани.

-Само со ваков одговорен пристап се можни вакви подобрувања во ваков краток период. Со тој одговорен пристап вчера дојдовме и до решение за студентите во однос на нивните барања за студентскиот оброк. Истиот ќе продолжи да се користи по старите критериуми. Да не заборавиме дека истиот беше воведен првпат од оваа Влада пред две години. Триесет години студентите немаше кој да ги седне на маса. На моја иницијатива отидов во Собранието и седнав со студентите кои ги водат студентските организации и разговарав за справувањето со енергетската криза, за основните елементи на буџетот за новото законско решение за кое се договорија со Министерството за образование и со пратениците за едно системско решение, нагласи Ковачевски.

Тој повтори дека студентите имаат право да го кажат својат глас и да бидат вклучени во политиките кои ги засегаат, и нив и општетството.

-Предолго зборуваме само за комори, за синдикати, за стапки на раст, за приходи и профити а најмалку збпрувавме за студентоите. Затоа во работната група за законот ќе учествуваат и студентите. Студентите се иднината на оваа држава, нагласи премиерот Ковачевски и најави дека ќе сугерира нивно учество во новиот закон за високо образование, а за новите решенија за законот за студентски оброк ќе се договори уште на почетокот од идната година.

Прогресивната алијанса на социјалдемократи во Европскиот парламент брои 145 европратеници и е втора по влијание група во Парламентот. Се залага за социјалдемократските вредности, а приоритети и се обезбедување на основните социјални права за секого, праведен даночен систем, промоција на еднакви можности, фер третман за мажите и жените и борба против сите форми на дискриминација, инклузивна дигитална унија за Европа и чиста и достапна енергија за секој европски граѓанин .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *