Одбележување 50 години творештво на Васил Тоциновски

Во организација на гевгелиската библиотека „Гоце Делчев“, вечер во Народниот театар во Гевгелија ќе бидат одбележани 50 години творечка кариера на македонскиот писател, книжевен историчар и критичар проф. д-р Васил Тоциновски.
За творештвото на Тоциновски ќе зборува проф. д-р Славчо Ковилоски.
Настанот, под покровителство на Општина Гевгелија, ќе биде отворен од директорот на библиотеката Стефан Марковски, а е во рамки на Програмата за чествување на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Гевгелија.
Васил Тоциновски е меѓу најплодните современи македонски автори. Неговиот авторски опус е сочинет од над 120 книги од сите области, од кои 65 дела од областа на белетристиката и науката, 66 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство и 22 енциклопедии, учебници, прирачници и зборници, каде се јавува како автор или коавтор. Во домашната и странска периодика публикувал над четиристотини книжевно-историски студии и над 650 есеи и критики. Тоциновски има голем придонес за развојот на македонската книжевна историја, особено проучувањето на македонскиот книжевен 19 век, откривањето и дефинирањето на улогата на поединечни дејци, како Атанас Раздолов, Богдан Сираков и други, како и историјата на македонскиот литературен кружок во Софија. Добитник е на голем број значајни награди за своите достигнувања во науката и книжевноста. Бил професор на 1244 студенти по македонистика на Филозофскиот факултет во Риека, ментор на голем број трудови посветени на македонската литература, јазик и култура. Тој е актуелен секретар за активности во земјата на Друштвото на писателите на Македонија.

 

One thought on “Одбележување 50 години творештво на Васил Тоциновски

  1. Wow, superb blog layout! How lengthy have you ever been blogging for?
    you made blogging glance easy. The overall glance of your website is great, as neatly as
    the content material! You can see similar here e-commerce

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *