Бесими на средби во Трезорот на САД – Поддршка за развој на капацитетите за управување со јавните финансии и сузбивање на сивата економија

Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД (ОТА) е подготвена да го поддржи развојот на капацитетите за управување со јавните финансии, како и борбата против сивата економија и политиките за спречување перење пари. Ова беше дискутирано на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и заменик-помошникот на секретарот за техничка поддршка во Трезорот на САД, Вилијам Лари Мекдоналд во Вашингтон.

Министерот Бесими истакна дека изминативе години Владата на РС Македонија активно работеше на мерки и планови за намалување на неформалната економија, во чиишто рамки е и Акцискиот план за сузбивање на сивата економија изработен од страна на Министерството за финансии. Дополнително, новиот Закон за буџети е клучна реформа што се спроведува во јавните финансии со цел да обезбеди рамка за водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика. Техничката помош од САД во овие активности би била од клучно значење.

На средбата, како што соопшти Министерството за финансии, се разговараше и за можностите за продлабочување на економската соработка и реализацијата на нови проекти во соработка со УСАИД и Амбасадата на САД во земјава.

Двете страни се согласија дека во моментов приоритетно е справувањето со енергетската и ценовната криза со истовремено одржување на макроекономска стабилност, а во таа насока е новиот сет на мерки донесен од Владата.

Во рамки на Годишните состаноци на ММФ и Светска Банка, министерот Бесими ќе оствари средби и со извршниот директор на Светска банка, Кун Давидсе, потпретседателот на Светска банка, Ана Бјерде, како и со извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и директорот на Одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *