БЕЗ ЧЕТВОРИЦА СТАНДАРДНИ ПРОТИВ РУСИЈА

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, објави список со 19 ракометари кои се повикани на подготовките за неделата на ЕХФ, која од 2-8 април ќе биде во Скопје.

На списокот на Гонзалес за разлика од оној пред ЕП во Хрватска ќе ги нема, Филип Миркуловски, Филип Лазаров, Немања Прибак и Ацо Јоноски. Но затоа пак на овие подготовки ќе биде Кире Лазаров, кој од повредата на ЕП не играше за Нант. Единствено ново име ќе биде младиот десен бек на Металург, Мартин Серафимов.

На списокот се следниве ракометари:

Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Дејан Манасков, Филип Талески, Горан Крстевски, Филип Кузмановски, Кире Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Велко Маркоски, Дарко Димитриевски и Гоце Ојлески.

Собирот е прва фаза од подготовките на репрезентацијата за јунскиот бараж за пласман на СП 2019 година против Романија, а во тие рамки ќе биде одигран и пријателски натпревар со Русија.

SHARE