ДРАСТИЧНИ КАЗНИ ЗА ОСВЕСТУВАЊЕ

Управата на МЗТ Скопје Аеродром, незадоволна од учинокот на кошаркарите во АБА-лигата во која го заземаа последното место со само три победи и лошите игри во првенството во кое имаат дури шест порази, реши да ги казни  со 50% од месечните примања.

Оваа казна е предвидена со клупскиот правилник, е преку соопштение управата ги наведе причините.

Истовременио, клупското раководство застана позади Жељко Лукајиќ и неговата работа, велејќи дека е задоволно од тоа како ја води екипата и тренинзите и дека неговото место воопшто не е загрозено.

Целта на раководството е да се освестат кошаркарите, да почнат максимално да работат и што побрзо да влезат во посакуваната форма пред плеј-оф натпреварте.

До крајот на првенството МЗТ Скопје треба да игра против Кожуф, АБ Охрид и Пелистер. Потоа почнува разигрувањето за титулата.