Средба на Петровска со Холштајн и Вамслер: Mакедонско-германската одбранбена соработка интензивно се развива

Развојот на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, која се фокусира на одбранбената политика, логистиката, воената медицина воената едукација и обука, персоналниот менаџмент, развојот на инфраструктурата, сајбер безбедноста и цивилно-воената соработка, беа теми на разговор на денешната средба на министерката за одбрана Славјанка Петровска со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и новопоставеното одбранбено аташе потполковникот Ханс Петер Вамслер.

– Нашите две земји имаат традиционално одлични односи кои се пресликуваат и во одбраната. Германија е наш посветен партнер и сојузник во Алијансата кој отсекогаш нè поддржувал во достигнувањето на стратешките цели и за тоа сме особено благодарни, истакнала министерката на состанокот.

Петровска, Холштајн и Вамслер, како што соопшти Министерството за одбрана, разговарале и за моменталните случувања на европскиот континент при што се согласија дека НАТО останува обединето во својата цел – одвраќање и одбрана на територијата на Алијансата, а повикале и на деескалација и итен прекин на воените дејствија во Украина и решавање на сите отворени прашања преку дијалог и по дипломатски пат.

Северна Македонија и Германија во областа на одбраната соработуваат од 1996 година. Германски експерти за персонален менаџмент беа вклучени како советници во изработката на клучниот документ во одбраната, Стратегискиот одбранбен преглед, а во рамките на билатералната соработка во германските центри за едукација и обука се школувале околу 200 припадници на Армијата. Соработката вклучува и обука по германски јазик која ја имаат посетено околу 200 армиски припад ници, а Германија го одобри и барањето за проширување и продолжување на постојната бинационална соработка на вооружените сили на двете држави преку годишни програми и програми за воена помош до 2023 година.

 

One thought on “Средба на Петровска со Холштајн и Вамслер: Mакедонско-германската одбранбена соработка интензивно се развива

  1. Wow, amazing blog structure! How long have you been blogging for?
    you make blogging glance easy. The whole look of your web site is fantastic, as smartly
    as the content! You can see similar here e-commerce

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *