СДСМ: Економските параметри ги демантираат празните зборови на Мицкоски

Штетите предизвикани од 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат, а економијата се стабилизира и се движи во добар правец.

Економските параметри ги демантираат празните зборови на Мицкоски. Факт е дека само последните месеци од криминалното и расипничко владеење на партијата на Мицкоски резултираа со пад на економијата од 1,3 отсто во првиот квартал од 2017 година. Со успешните политики на Владата предводена од СДСМ, таа состојба беше надмината и во последниот квартал од 2017 година, забележан е раст од 1,2 отсто.

Индустриското производство во јануари 2018 бележи раст од 8,4 отсто во споредба со истиот месец од 2017 година, а стапката на невработеност во последниот квартал од 2017 изнесуваше 21.9 отсто, што е помалку во однос на истиот период од 2016 година, кога изнесувала 23,1 отсто. Истовремено, со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари околу 90.000 граѓани добиваат поголема плата. Трајно се реши проблемот на 5.000 стечајни работници и обезбедена е егзистенција за овие семејства.

Ќе се надмине ли Мицковски да се извини за пустошот во економијата, осиромашените граѓани и огромните долгови што ВМРО-ДПМНЕ ги остави после 11 годишното криминално владеење?