Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на 22 и 23 март доаѓа во официјална посета на Репубика Македонија, денеска потври македонското МНР.
Грчката делегација, предводена од Коѕијас, во четврток ќе пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје.
Веста за посетата истовремено беше потврдена и од грчка страна, преку владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос
Македонскиот и грчкиот шеф на дипломатија, пак, на 30 март во Виена ќе имаат нова средба со посредникот на ОН во преговорите за името Метју Нимиц.