ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Кога Александар Македонски настапи од Тир кон југ, наиде на отпор само на едно место, од стариот филистински фад во Газа, последниот голем крајбрежен град пред египетската граница, цврста тврдина на едно возвишение, што беше храбро и умно бранета од евнухот Бат со помош на набатеанските наемници.
Сé додека тешката опсадна техника не беше донесена од Тир и сместена на еден од вештачките бедеми и се додека не беа поткопани ѕидовите, Александар Македонски цели два месеца не успеа да го заземе градот.
Во текот на тој период Александар беше ранет во рамото. Бидејќи во градот немаше повеќе население, дел поради смрт а дел поради ропство, Александар Македонски донесе ново население од соседството и го преобрази градот во античка македонска тврдина.
Од Газа настапи долж брегот и за седум дена втаса до Пелузи, гранична тврдина на Египет, каде се сретна со својата флота. Неопходен дел од Александровиот стратешки план беше да го покори Египет, пред да навлезе во внатрешноста на Азија. Иако главната опасност, што му се закануваше од персиската флота сега беше отстранета, кралот Агис од Спарта беше сé уште активен во поттикнувањето на војна против Александар Македонски.
Неокупираниот персиски Египет во неговата заднина би бил собирно место или засолниште за голем број немирни и непријателски елементи. Така пред да дојде Александар Македонски, Аминта, синот на Антиок, кој избега од бојното поле кај Ис со оние 8.000 антички грчки наемници, направи напор, иако без успех, да се утврди овде.
Египет падна во рацете на Александар Македонски без борба. Намесникот Мазацес му ја предаде тврдината Мемфис со гарнизонот и богатството (800 таланти) а египетскиот народ го поздрави со радост како свој ослободител од персискиот јарем. Повеќе од шеесет години, со разумност користејќи ги предностите на народот во Персиската империја, a co помош на голем број античка грчка наемничка војска и истакнати антички команданти како што беа Чабриј, Агесил и други, Египќаните успеаја да ја одржат слободата со своите национални фараони, наспроти персиската власт која започна со Камбис.
Десет години пред тоа Окус повторно го окупира Египет, го истера последниот местен крал Нектанебо II и му зададе смртоносен удар на египетскиот народ. Особено тоа се почувствува во нивниот религиозен живот, со воведувањето на новиот персиски закон со кој се дозволи пљачкање на египетските храмови.
Оттука доаѓаше омразата спрема персиската власт, a co задоволство и надеж беше примен Александар Македонски. Ни народот не беше разочаран од него. Александар Македонски беше како вистински Елин со својата голема толерантност кон боговите на туѓите народи со кои се среќаваше.
Многу порано античките Грци започнаа да ги идентификуваат туѓите божества со античките богови. Во древен Египет, особено главните богови на Египќаните, се идентификуваа со античките богови и тоа: Амон со Зевс, Осир со Дионис, Ис со Димитар, Хор со Аполон итн.
За Александар Македонски беше сосема природно да го покаже длабокото почитување спрема египетските богови. Тоа стана негова обврска и должност. Така, веројатно веднаш по влегувањето во Мемфис, беше признат од египетското свештенство како крал на Египет, a co тоа стекна право да принесе кралска жртва што имаше голема улога во државата.
Овој исклучиво важен настан не е спомнат во историските извори. Но, кажувањата за Александар Македонски потврдуваат дека во Мемфис тој беше поставен на престолот во храмот на Птах облечен како крал на Египет. Бидејќи овој извор е сомнителен, мислата на авторот би можела да биде прифатена барем како историска, зашто прифаќањето на кралската функција морало да има основа во некои официјални закони.
Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално кралските титули, како и неговите персиски и египетски претходници. Од петте титули вообичаени од средината на третото столетие пред нашата ера што му беа доделени на Александар Македонски, првата, четвртата и петтата се дознаваат од натписи. Како „Хорус” (I), тој беше наречен „силниот принц”, со додаток „оној што става рака на земјите на туѓинците”, или „заштитник на Египет”.
Како „крал на Горен Египет и крал на Долен Египет (IV), беше наречен „Саканиот од Амон и избраниот од Ра”; и на крајот како „син на Ра” (V), тој беше наречен „Александрос”. Овде Хорус титулата „оној што става рака на земјите на туѓинците” изгледа била измислена само за Александар Македонски, додека другите титули биле доделувани пред неговото време
Овие титули докажуваат две работи за Александар Македонски: неговата посебна сувереност над Египет и неговото воздигнување на степен на божество.
Веројатно новата титула Хорус ја покажуваше неговата моќ надвор од Египет или според египетските поими на неговиот суверенитет распространет по целиот свет. Меѓутоа, нагласката лежи во титулата „крал на Горен и Долен Египет”, со која тој посебно е означен како крал на египетската држава. Овој натпис кажува дека Александар Македонски го прифати престолот што му беше понуден од свештениците, веројатно од највисокиот свештеник на Мемфис.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Great mix of humor and insight! For additional info, click here: READ MORE. Any thoughts?
casibom: casibom giris – casibom guncel giris adresi
casibom 158 giris
farmacia online 24 horas: farmacia 24 horas – farmacias online seguras
migliori farmacie online 2024: Farmacie online sicure – acquisto farmaci con ricetta
viagra online in 2 giorni: viagra senza prescrizione – pillole per erezione in farmacia senza ricetta
farmaci senza ricetta elenco: farmacia online senza ricetta – farmaci senza ricetta elenco
acquistare farmaci senza ricetta: BRUFEN 600 mg 30 compresse prezzo – Farmacia online piГ№ conveniente
farmacie online autorizzate elenco: Farmacie che vendono Cialis senza ricetta – top farmacia online
ventolin 90 mcg: buy Ventolin – ventolin 100
prednisone 10 mg coupon: buy prednisone without a prescription – how to buy prednisone online
neurontin capsules: neurontin 400 mg price – neurontin generic
rybelsus price: cheap Rybelsus 14 mg – cheap Rybelsus 14 mg
canadian online pharmacy: Canadian Pharmacy – canadian drugs