РАЗЛИЧНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ЌЕРКИТЕ СУЗАН И ДЕНА СКОТЛАНД (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО

Двете девојки беа способни да фрлаат палка и да настапуваат во бројни кореографии. Делот од фрлање палка вклучуваше моделирање во кое мораа да научат многу рутини и да вежбаат многу часови. Во текот на учебната година се вклучија во натпревари за нивната возрасна група со голем број натпреварувачи од различни училишта за фрлање палка. Мораа да носат долги фустани, да ја стилизираат косата и да се шминкаат. Беа оценувани и за нивните настапи и за моделирање на изгледот. И двете девојки освоија многу награди.

Играа фудбал во фудбалскиот клуб „Свети Андреј“, научија ритмичка гимнастика и синхронизирано пливање, каде што прикажуваа спектакуларни настапи.

Дена имаше само 4 години, а Сузан 6 кога почнаа со танцување во играорната група на Обединетите Македонци, предводена од Џон Димовски. Покажаа природен талент за нашата традиција. Вежбаа секоја недела во црквата  „Свети Климент“. Беа поканувани на настани, но бидејќи беа мали, ние патувавме со нив каде и да одеа, како во Хамилтон и во градови во САД.

Додека децата вежбаа, мајките ги гледаа децата, повеќето, исто така, плетеа или хеклаа, но како што изминуваше времето тие се спријателуваа и стануваа добри пријателки. Девојките останаа во оваа група многу години, сè додека групата не се распушти. Тогаш, Сузан и Дена, иако сè уште млади, се приклучија на подмладокот на „Македонка“ и кога пораснаа, станаа членови на Ансамблот „Македонка“.

Девојките беа добри играорки и долгогодишни членови на „Македонка“ – Сузан единае сет години, а Дена петнаесет, за што доби врамена диплома. И двете беа избрани да го прет ставуваат нашиот црковен караван „Павилјон“ како Мис на Скопје. Сузан беше и водителка на церемониите на Караванот неколку години, претставувајќи ѝ го на публиката Ансамблот „Македонка“ и давајќи опис за секое оро за секоја претстава додека траеше Караванот.

Во 1982 година, Сузан патуваше со „Македонка“ во Македонија и на изборот за убавица што се одржа во Ресен, за сите играорни групи кои беа таму од различни земји го зазеде второто место.

Одеа и во македонската школа во црквата „Свети Климент“ каде наставник им беше Блага Дафовска и во македонската школа на Обединети Македонци, што се одржуваше во сабота, со нивната наставничка Марија Стојановска. И двете зборуваа и научија да читаат и пишуваат на македонски јазик.

По дипломирањето во Основното училипте двете се запишаа во гимназијата W. A. Porter Collegiate High School. И двете добија стипендии. Додека беше во Гимназија, Сузан беше секретар на Ученичкиот совет и свиреше во школкиот оркестар. Сузан дипломира со просек од 98% и доби четири години стипендија на Универзитетот Торонто. Исто така, доби 100 долари стипендија од „Обединети Македонци“ што и‘ беше дадена на Илинденскиот пикник

Дeна сакаше да им помага на несреќните луѓе и беше предложена за наградата на Скарборо која и‘ беше дадена на една специјална церемонија.

Таа заврши автомеханичарки курс кој и помага, таа да може ако е потребно да го смени маслото и гумите на колата. Исто така се интересираше за архитектура и заврши еден семестар дизајнирање, што и‘ помогна да ги направи плановите за викендичката.. Таа исто така имаше афинитет кон уметноста.

Дена дипломира со висок просек и одлучи да конкурира во радиологија на Институт за медицинска технологија (сега Институт Michener). Конкуренција за прием во овој институт беше многу голема, а Дена беше една од неколку из брани поради нејзиниот висок просек на оценките академско марки. По дипломирањето, таа веднаш почна да работи како радиолошки технолог Централната болница на Скарборо, но се вратија повторно на училиште за да добие диплома за магнетна резонанца (МРИ).

Сузан студираше на Универзитетот во Торонто каде доби стипендија и се стекна со факултетска диплома за наука на степен медицински сестри.

Првично, специјализираше за геријатрија и по дипломирањето беше избрана да оди во Холандија седум недели каде ќе стекне искуство и ќе има можност да пишува за нивниот пристап кон старите лица и за нивните геријатриски програми кои се едни од најдобрите во светот. Додека беше во Холандија таа, исто така, имаше можност да ја посети Белгија и Франција. По нејзиното враќање, веднаш беше ангажирана во болницата Свети Мајкл во Торонто и остана да работи таму до ден-денес. Сепак, го смени главниот интерес и во моментов дава хемотерапија во Одделот за хематологија/онкологија. Исто така, по избор работи и во Одделението за хемофилија. Сузан го продолжи школувањето и од неодамна се квалификува како CON (в), сертифицирана сестра за онкологија (Канада).

Сузан е сериозна во работата и каде што е потребно има со најпрофесионален методички пристап. Таа е внимателна, љубезна и чувствителна со луѓето кои имаат потребаод смирувачки и утешувачки ефект. Овие атрибути и нејзината експертиза се нејзиниот најголем капитал за нејзината способност да се грижи и негува пациенти болни од карцином. Мајка е на три прекрасни синови: Вилијам, Томи и Ајдан.

Дена дипломираше на Институтот за медицински технологија во Торонто (сега на Институтот „Мишенер“) по радиологија и снимање со магнетна резонанца (МР). Во моментов работи во здравствениот систем „Руж валеј“, што се состои од Стогодишната болница Скарборо и болницата Ајакс-Пикеринг. Таа е главен технолог и клинички инструктор во Одделот за магнетна резонанца и лидер за професионална практика во Одделот за дијагностицирање, за- должена за развивање и одржување на политики и процедури.

Дена е способна, одлучна, понекогаш своеволна, но многу самоуверена што ја прави многу квалификувана за нејзината одбрана професија каде што постојано мора внимателно да донесува важни одлуки поврзани со точни резултати, кои директно влијаат на здравствената заштита на многу пациенти.

Таа е мајка на три прекрасни синови: Мајкл, Андреј и Максвел.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

SHARE