ЌЕРКИТЕ СУЗАН И ДЕНА И НИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И АКТИВНОСТИ (16)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО 

Сузан Џина е родена на 15 февруари 1967 г., а  Дена Елизабет е родена на 17 март 1969 г. Сузан и Дена (Констандина, по мојот татко) беа пречекани со голема љубов. Тие, исто така, им отворија и нов свет на моите родители.

Кога девојчињата беа мали работев во Ортопедија во Медицинската уметничка зграда, па мама и тато помагаа околу грижата за девој чињата. Се сеќавам на нив како многу среќни деца кои се сакаа една со друга, но уште од рана возраст беа многу различни како личности. Сузан е тивка и понапредна за нејзините години. Дена беше жива и секогаш насмеана. Се разбира, дека двете девојчиња успеваа да прават и детски ѓаволштини.

Се сеќавам дека еднаш Сузан ги искина лисјата од омиленото растение на мајка ми и кога баба ја праша Сузан зошто го направи тоа, таа одговори: „Сакам да направам каша“.

Таа го наслика и ѕидот од трпезаријата од едниот до другиот крај со нејзините магични маркери. Цртежите беа убави, но ќе беа уште подобри доколку беа на сликарско платно.

Дена имаше операција на крајниците на возраст од 2 години и кога се врати дома од болница мораше да јаде само течна, мека студена храна да не се случи крвавење. Сепак, уште првиот ден дома, таа успеа да се качи на стол, да дофати копанче од чинијата и да продолжи да јаде и беше чиста среќа што немаше сериозни последици од оваа непослушност.

Одеа во државното училиште „Данфорт Гарденс“. Сузан тргна во градинка, но јасли се отворија во училиштата следната година, па затоа Дена почна да оди во градинка на 4-годишна возраст. Тогаш, Блер не сакаше јас да работам и бев среќна да бидам мајка која седи дома и ги чува децата.

Иако двете девојчиња беа многу добри ученички, Сузан имаше исклучително висок коефициент на интелигенција, што ни го опишаа тоа како фотографска меморија и беше понапред од сите други ученици. Ни предложија таа да прескокне одделение и од второ одделение таа веднаш премина во четврто одделение. Дури и тогаш таа сè уште беше на врвот во класот, но одлучивме дека ќе биде премногу тешко на таа возраст да прескокне уште едно одделение.

Дена имаше многу пријателчиња и сакаше да се дружи, дури и во најраната возраст. Беше духовита, друштвена и весела. Заразно се смееше и имаше насмевка која остана на нејзиното лице до ден-денес.

Бидејќи не одев на работа, имав доволно време да одам во нивните училишта и да им помагам на наставниците со учениците при читање, математика и рачни изработки. Кога Дена беше шесто одделение, помагав со изработка на украси и направивме закачалки што ги однесоа дома. Група ученици изработија таписерија за која им помогнав да ја сошијат. Таа влезе во конкуренција на Саем на изработки  украси и награда.

Во текот на тие рани години, бев во можност да одам на многу екскурзии со нивните одделенија и тоа беше корисно и за мене. Некои од овие патувања што ми останаа во сеќавање се посета на Старата кула на Торонто, Музејот и Зоолошката градина.

Сузан пееше и ја имаше главната улога како Петар Пан во оперетата што се одржа во државното училиште „Данфорт Гарденс“. Беше многу добра како говорник и победи на неколку натпревари за јавно говорење. Свиреше пијано и земаше часови на Кралскиот конзерваториум за музика, а со Реј Спасовски Џуниор во средно училиште свиреше француска хорна во училишниот оркестар, која ја средуваше (чистеше) во кадата на моите родители – мајка ми ја викаше „француска пченка“. Таа имаше одлична смисла за хумор.

1jur67

Училиштето  „Скарборо Гарденс“ 

Дена беше Манчкин во мјузиклот „Волшебникот од Оз“. Свиреше пијано и во средното училиште беше многу талентирана за кларинет, но иако беше брилјантна, инструментите не го задржаа нејзиниот интерес и свиреше само кратко време.

Дена беше надарена за пишу вање и напиша неколку прекрасни говори. Иако учествуваше во некои јавни говорења, таа беше премногу срамежлива и не можеше да зборува пред публика.

Исто така, таа беше многу брз тркач и поради брзината секоја година беше избирана како трет тркач за штафетната трка на „Данфорт Гараденс“ во натпреварувањата на стадионот „Брчмаунт“ на крајот на учебната година против другите училишта.

Кога беше во осмо одделение, Сузан беше номинирана од страна на нашиот Провинциски парламент да биде паж во Паркот на кралицата, каде што присуствуваше од понеделник до петок во текот на неколку недели. Таму се задржуваше по неколку часа секој ден.

Мораше да го научи напамет распоредот за седење на членовите на Провинциското законодавство и требаше да биде присутна за време на сите седници или во близина на претседавачот или да стои на одредено место. Нејзината улога беше да им донесе чаша вода на пратениците или да испорача пораки меѓу членовите.

Сузан и Дена беа запишани во многу воншколски активности. Беа мажоретки и членови на добро познатите „Суперѕвезди на Хендри“ од школата „Батон твирлинг“ за фрлање палка, со наставникот Марија Хендри. Освоија многу трофеи и учествуваа на многу паради, како во областа Скарборо, така и во градовите во Онтарио, обично за време на посебни празници, како што се Божик, Велигден, Ден на Канада.

Дена беше избрана за маскота да ги води парадите и иако беше многу мала и слаба, таа гордо ги предводеше парадите неколку години и успеваше да го измине целиот долг пат без проблем.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

One thought on “ЌЕРКИТЕ СУЗАН И ДЕНА И НИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И АКТИВНОСТИ (16)

  1. Wow, awesome blog structure! How long have you been blogging for?
    you made blogging look easy. The overall look of your website is wonderful,
    as well as the content! You can see similar here sklep

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *