Енергетската стабилност во фокусот на утрешната средба Мицотакис -Ковачевски во Атина

Претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста во нашиот регион и во енергетскиот дел, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на утрешната средба во грчката метропола на премиерите на Северна Македонија и Грција.

Владина делегација од  Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, утре ќе биде во еднодневна работна посета на Атина и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција Кирјакос Мицотакис, а Иконому истакна дека тие секогаш се подготвени да ги поддржат земјите од регионот.

-Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите соседи и со Република Северна Македонија под предусов да се почитува договореното со меѓународните договори кои постојат. Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја има енергетски помогнато земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји. Сакаме да сме центар на енергетска стабилност, енергетска безбедност и претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста и во енергетскиот дел, пошироко во нашиот регион, рече Иконому на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *