БИТКАТА КАЈ ТИР И ПОНУДАТА НА ДАРИЈ НА СВОЈАТА ЌЕРКА И 10.000 ТАЛАНТИ (20)  

 

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР  ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД

 УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

 

Инженерците на Дионис беа тренирани од Картагенци кои ја беа научиле таа вештина од феникиската татковина. Во овој занает на опсада и одбрана порано ориенталците беа многу посупериорни од античките Грци, поради тоа што асирскиот релјеф има рамнини. Всушност тие беа нивни учители.

Кога флотите на северните феникијски градови, на веста за поробувањето на нивните домови, ја напуштија персиската флота, а кога потоа истото го направи и киприотскиот контингент, Александар Македонски отиде во Сидон, ги обедини двете флоти кои дотогаш се бореа против него и ги поведе кон Тир, со цел да навлезат во градот откај морето.

Неговата стратешка идеја за отсекување на персиската флота од брегот беше брилијантна и оправдана. Така, ја испрати киприотската флота пред северното Сидонско пристаниште на Тир, а феникиските бродови пред јужното Египетско пристаниште.

Надежите за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите кои беа вооружени со опсадна техника по неколку напади најпосле успеаја да го пробијат јужниот ѕид, со што го направија градот отворен за напад.

Во исто време флотите напредуваа во пристаништата. По кратката крвава борба градот беше во рацете на Александар Македонски. Им беше дозволено да останат само на оние што заедно со кралот Аземилк и картагенските амбасадори се засолнија во храмот Мелкарт. Околу 8.000 Тирјанци загинаа, а околу 30.000 беа продадени како робови според обичаите во античкото грчко војување. Градот беше зачуван и повторно населен и ставен под античка македонска команда за да стане главна тврдина на античката македонската моќ на морскиот брег.

Александар Македонски сега можеше да му принесе жртва на Херакле. Таа церемонија беше проследена со свечена парада на војската под цела опрема како во Ефес. Но, во оваа пригода и персоналот на флотата се придружи кон парадата, а гимнастички натпревар и трка со факели беа одржани во заградениот простор на храмот. Техниката што направи пробив му беше посветена на Господ и на храмот

Тир падна во август 332 година. Населението, кое го зачува ветувањето да не се предава заслужува восхитување и симпатија. Но и победникот исто така заслужуваше восхитување. Александар Македонски беше седум месеци пред градот. He го напушти градот се додека не зеде се што сметаше дека е навистина вредно.

Додека Александар Македонски вршеше опсада на Тир, второто и последно писмо му пристигна од Дариј во кое, покрај големиот откуп за своето семејство (10.000 таланти), ја нудеше раката на својата ќерка, предлагаше договор за пријателство и сојуз, како и предавање на империјата западно од Еуфрат.

Тоа беше фатален момент за древниот свет. Ако Александар Македонски се задоволеше со оваа империја до Еуфрат, целата наредна разврска на древната цивилизација ќе беше сосема поинаков. Подоцнешните ефекти од неговата одлука, навистина, се раширија низ средниот век, па сé до наше време и на Исток и на Запад. Тоа беше фатален момент за древниот свет.

Ако Александар Македонски се задоволеше со оваа империја до Еуфрат, целата наредна разврска на древната цивилизација ќе беше сосема поинаков. Подоцнешните ефекти од неговата одлука, навистина, се раширија низ средниот век, па сé до наше време и на Исток и на Запад.

Само по себе беше јасно дека Александар Македонски, кој уште кај Ис ја доби целата азискоатичка империја, нема да го одбие проширувањето на империјата. Изворите пренесуваат дека во советот на кралските следбеници, до кои Александар Македонски доставил писмо, Парменион рекол дека ако е тој на местото на Александар би бил задоволен со тоа што го постигнал и би ја завршил војната, на што Александар Македонски одговорил: „И јас така ќе постапев ако бев Парменион”.

Има многу длабоко значење во кажанава анегдота. Се поставени  две различни генерации: едната олицетворена во стариот генерал, а другата во младиот крал. Притоа, би можело генералот да се идентификува со својот господар Филип Македонски, бидејќи во тоа лежи контрастот меѓу политиката на Филип Македонски и Александар Македонски.

Co сигурност може да се тврди дека ако некогаш Филип Македонски беше напредувал толку многу, сигурно би ја прифатил понудата за границата до Еуфрат. Филип Македонски за секогаш остана Македонец, а тоа ќе го стореше и доколку приклучеше делови од Персиската кон својата Античка македонска империја.

Александар Македонски, кој веќе се чувствуваше како „крал на Азија”, беше во тек на развојот кој веќе ги надминуваше античките македонски интереси. За античкиот македонски човек ограничената политика на Филип Македонски без сомнение би била подобра.

Никој не би можел да претпостави дека со ограничувањето на државата до Еуфрат, античката грчка култура би се ширела на Блискиот Исток на поинтензивен и перманентен начин. Меѓутоа, без тоа не ќе имаше толку светска широка култура, чии траги можат да се најдат до Индија, па дури и до Кина.

Исто така, дали една јака персиска сила зад Еуфрат не би била постојана опасност за елинизираните на Блискиот Исток? Тешко е да се каже што можеше да се случи наспроти она што всушност се случи. Како и да е, овде може појасно да се согледа колкав беше решавачкиот ефект на желбата на Александар Македонски во сегашната истооија на светот.

 

Продолжува

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *