АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО МЛАДИТЕ ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ (27)

 

Co цел да го заштити да не биде вознемируван од животот на дворот, Филип Македонски му ја даде на Аристотел резиденцијата во мирното и малечко село Миеза. Селото беше во непосредна близина на храмот на Нимфите каде што Аристотел го учеше и го воспитуваше Александар Македонски во период од три години. Можеби Хефестион кој беше најмилиот пријател на Александар Македонски, беше еден од оние што учеше и се воспитуваше заедно со Александар.

Природно е што подоцна имаше многу измислици во врска со ова учење и воспитување, кога Аристотел стана владетел во интелектуалната сфера, а Александар Македонски господар на тогашниот свет. За несреќа, се располага со многу малку информации за тоа, на кои може да им се верува. Детали за подоцнежниот карактер на Александар Македонски веројатно се стекнати под влијание на Аристотел.

Аристотел беше оној што всади голема љубов кај Александар Македонски спрема античката грчка култура и интелектуално го преобрати. Тоа длабоко влијаеше врз животот на Александар. Природно, во работата со ова момче, што со срце го освои, Аристотел се однесуваше со поинаков тон од оној во своите научни расправи.

Тој беше готов да изрази топлина, како што се гледа во длабоко религиозниот и емоционалниот тон на химната „Мажествена особина”, што ја напиша во тоа време во чест на својот пријател Хермија, кој беше предаден во рацете на персискиот крал и беше мачен во Суса со цел да ги открие плановите на Филип Македонски. Но, Хермија не стана предавник, поради што беше распнат на крст.

Длабоко возбуден и раздразнет од ова, Аристотел напиша во негова чест убав спомен дитирамбична химна, во која зборува за хероите што порано ги дадоа своите животи, а сега жртва стана Хермија, кого исто така музите го нарекоа бесмртен. Co оваа мажествена одлика, која, заради типичната одвратност спрема варварите, ја наоѓа само во Елада, Аристотел го поттикна младиот принц и секогаш пред него го држеше моделот на хероите, кон кои беше приклучен и неговиот пријател Хермија.

Двајца од тие херои, што тој постојано му ги спомнуваше на Александар Македонски, всушност, му го осветлија патот за освојување, а тоа беа Херакле и Ахил, кои Александар Македонски длабоко ги почитуваше како свои прадедовци. По таткото Александар водеше потекло од Херакле, a no мајката од Ајацид, потомок на Ахил.

Ако во подоцнежните години повеќе беше нагласен Херакле, во раната младост Александар Македонски беше инспириран од примерот на младиот Ахил. Оваа длабоко всадена и јасна концепција во неговиот личен афинитет, со примерите на овие херои, е една од оние рационални и инстинктивни причини без кои воопшто не можеме да го разбереме големиот Александар Трети Македонски.

Блискоста меѓу Александар Македонски и Аристотел беше голема, а продолжи и подоцна во Азија, посебно за античката грчка литература и уметност и за научните проблеми. Особено беше важно изобилството на античка грчка поезија што Аристотел им ја приопшти на своите ученици и му овозможи на Александар Македонски да ја изучи.

Меѓу книгите што го сочинуваа фондот за читање на Александар Македонски во Азија се спомнуваат трите големи трагедии, од кои најдобро ги знаеше Еврипидовите. Александар Македонски ги читаше и современите автори на четвртиот век, како дитирамбичните поети Филоксен и Телест и многу други. Во тебанската катастрофа тој покажа какво длабоко почитување чувствува спрема Пиндар, голем лиричен поет од минатото.

Меѓутоа, Илијада за Александар Македонски беше книга над книгите. Таа, секако, му го формира главниот дел од неговото младешко образование. Аристотел, всушност, направи поправено издание од Илијада за подобро да ја разберат неговите ученици. Тоа издание беше постојан придружник на Александар во азиско-атичкото освојување.

He ce знае точно колку многу Аристотел им зборувал на учениците за филозофијата, иако подоцнежните кажувања се потврдени со точни информации. Меѓутоа, тој несомнено им го побуди чувството за филозофската мисла. Филозофи од разни школи престојуваа во логорот кај Александар.

Реториката беше второстепена по важност во неговото образование. Но, секако, Аристотел настојуваше да ја развие и политичката мисла кај него, да го подготви за неговата претстојна обврска како владетел. За ова нема сигурни извори, туку само се претпоставува. Во политичката сфера подоцна двајцата следеа различни патишта и немаа големо меѓусебно разбирање.

Во врска со прашањето каков став треба да се заземе за потчинување на варварите, Александар Македонски не го следеше Аристотел, кој беше склон кон деспотско владеење. Cera тој како повеќе да го следи советот на Исократ даден во делото „Филип”, дека Филип Македонски треба да ги ослободи варварите од варварскиот деспотизам и да ги препушти на елинистичка грижа и заштита.

Оттука може да се претпостави дека Александар Македонски го прочитал ова дело. He e невозможно во таа смисла Исократ, како што се гледа од писмото до младиот принц, напишано во времето кога го учеше Аристотел, да имал индиректно влијание врз Александар Македонски.

 

Продолжува

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *