ГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКО САМОИЛОВО ЦАРСТВО

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО

СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД  АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Јужните Словени во македонските територии на Источното Римско Царство (ИРЦ), секогаш тежнееле да стекнат независност и самостојност. Со слабеењето на византиската власт на Балканот, во Македонија, во 967 година дошло до востание против византиската и бугарската доминација. Востанието избило под водство на синовите на војводата придружник Никола, со ерменско потекло. Востанието зело големи размери на чело со Самоил, кој создал големо царство, чие јадро го сочинувале Склавиниите во Македонија. Во создавањето на Самоиловото царство учествувале претежно славофони Македонци, потоа македонските староседелци, влахофоните Македонци, Евреите, Бугарите, Ерменците и други. Службен јазик во Самоиловот царство бил словенскиот, додека јазик на дипломатијата, јазикот на ИРЦ.

Ова го потврдуваат и натписите на надгробната плоча на Самоиловите родители од 993 година, која е најдена во црквата св. Герман, во близина на Преспанското Езеро, во 1898 година (Ист. макед. нар., 1969, стр.137) и натписот на столбот на црквата св. Архангел во Прилеп, од 996 г. (Ist. maked. nar., 1909, стр. 137). Со своите воени, политички и дипломатски активности Самоил го создал Сојузот на средно-балканските Словени. Неговите победи имале меѓународен карактер и довеле до приближување на Самоил со Рим и до негово прогласување за цар. Папата Иноќентие III (1198-1216), во едно писмо изнесува дека Самоил ја примил царската круна и патријархиското дос-тоинство од римскиот папа (Димовски, 1989, стр. 82). на малото острово на Преспа, била изградена Македонската патријаршија св. Ахилија.

1crja1

Црквата Свети Ахил во Преспа

По битката на Беласица, 1014 година и смртта на Самоил, дошло до распаѓање и крај на македонското царство, во 1018 година, т.е. 42 години по востанието. Војната завршила со свечено влегување на византискиот цар од македонската династија на Василиј II во Охрид, каде на капијата на Самоиловата престолнина, од царицата и преживеаните членови на царската куќа примил изјава на покорност. Така повторно била воспоставена власта на ИРЦ во Македонија

Меѓутоа, покрај сè, уште во 1040/41 година, со центар во Западна Македонија, дошло до првото антифеудално востание под водство на Петар Дељан, кое ги опфаќало просторите од Солун до Белград, Грција, Епир, сè до Драч. По востанието во Тесалија, во 1066 година, во Македонија повторно избива востание на Словените во 1072/93 година, под водство на Војтех. Сите обиди за обновување на Самоиловото царство не успеале. ИРЦ, во 1018 година, Охридската патријаршија ја претворило во автокефална архиепископија, која била директно потчинета на царот, а не на Патријаршијата во Цариград.

На Охридската архиепископија ѝ припаѓале сите епископии на територијата на некогашното Самоилово царство, од Лариса до Белград и од Драма до Драч, со вкупно 23 епархии. Кога во 1037 година умрел охридскиот архиепископ Словенот Јован, за негов наследник бил поставен Гркот Лав од Света Софија во Цариград, со цел елинизација на словенските области (Оstrogorski, 1969, стр.308). Три царски хрисовулу (повелби со златен печат) ја гарантирале самостојноста. Во подоцнешните векови, фундаментална улога во формирањето на колективната етничка свест кај словенските Македонци имало создавањето на Самоиловата држава, христијанизацијата, обновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија, обликувањето на словенската азбука и книжевноста на тлото на Македонија. По 750 година Турците, во 1767, ја укинале Охридската архиепископиjа.

Македонското царско владеење било од 976 до 1018 година и тоа: Самоил (976-1014) Гаврило Радомир (1014-1015) Јован Владислав (1015-1018) Петар Дељан (1040)- цар на Белград   (водач на востанието на Јужните Словени). Цареви во Солун биле: Теодор (1224-1230) Михајло (1230-1238) Јован (1238-1244) Димитрие (1244-1246)

1sem13

Самоилова тврдина во Охрид

По победата над Самоиловото царство и задушувањето на подоцнешните бунтови во Македонија, ИРЦ ја обновило својата власт и речиси два века немало поголеми немири. Меѓутоа, со создавањето на латинските државички во Византија, доаѓа до меѓусебни борби, како и до борби меѓу соседните држави за превласт во Македонија. Повторната бугарска окупација на дел на Македонија, за време на Второто бугарско царство, од околу 23 години, ја заменува продорот на Српската држава. Кралот Милутин (1282-1321), го зазема северниот дел на Македонија во 1282 година, на линијата Дебар-Велес-Штип.

Неговото дело го продолжува Душан Стефан (1331-1355), кој во 1343 година ја зацврстил Српската држава во близината на Солун, заземајќи поголем дел од Епир и Тесалија и се промовирал како цар на сите Срби и Грци. Неговото крунисување е изведено во око-лината на Скопје, во 1346 година, од страна на тогаш промовираниот скопски патријарх Јонакија, бугарски патријарх од Трново, охридски архиепископ и претставник на Света Гора. Чинот на издигнувањето на Српската патријаршија, е анатемисан во 1350 година, од страна на Цариградската патријаршија, а во 1365 Српската патријаршија е укината, по 20-годишно битисување од страна на српскиот деспот Угљеша.

По смртта на царот Душан, дошло до распаѓање на неговото царство и до создавање независни државички и поседи, кои на тлото на Македонија потпаднале под турско-османлиска окупација, во 1371 година. Така, по 89 годишно владеење на српската држава со некои области во Македонија, не дошло до србизација ниту на словенските Македонци, ниту на староседелците, а ниту до геноцид на населението.

СЛАВЕ КАТИН

2 thoughts on “ГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКО САМОИЛОВО ЦАРСТВО

  1. Wow, awesome weblog structure! How lengthy have you ever been running a blog for?
    you make blogging look easy. The total glance of your
    web site is great, as well as the content! You can see similar here dobry sklep

  2. Howdy! Do you know if they make any plugins to assist with SEO?
    I’m trying to get my site to rank for some targeted
    keywords but I’m not seeing very good success. If you know
    of any please share. Kudos! I saw similar text here: Backlink Building

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *