СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ФЕСТИВАЛ“ ВО ПРИЛЕП

Во организација на македонскиот пеач од Германија господинот  Орде (Орце) Ристески, а со поддршка на Собранието на Општина Прилеп, на 10 јули 2022 гидина по втор пат се одржа иселеничката средба „Македонски иселенички фестивал“. Таа е музичката средба на естрадни уметници од македонското иселеништво кои „свиле гнезда“ во сите делови на Мајката земја. 

Во Прилеп, градот херој, градот на минатото, сегашноста и иднината,  по втор  пат се одржа иселеничката средба „Маакедонски иселенички фестивал, на кој настапија голем број музички познати уметнички имиња од Европската Унија, Северно-американскиот континент, Австралија и Република Македонија. Организатор и уметнички директор на оваа значајна манифестација беше познатиот естраден уметник Орде (Орце) Ристески, кој после оваа значајна манифестација изјави дека му се остварила неговата идеја стара 45 години да биде организатор на вака голема иселеничка и македонска средба за народни македонски песни во Прилеп, која ја покажа убавата слика, желба и љубов кон музиката на македонските иселеници.

Музичката средба „Македонски иселенички фестивал“, се оддржи на 10-ти јули 2022 година  во Прилем, а во организација на македонскиот пеач од Франкфурт, од  Германија господинот  Орде (Орце) Ристески, а со поддршка на Собранието на Општина Прилеп и градоначалникот Борче Јовчески, кои во организирањето помогнаа со техничка и морална логистика.

Иселеничката средба „Маакедонски иселенички фестивал“, се одржа на отворено на камената бина на плоштадот “Александрија”, каде се наоѓа првиот споменик на Александар Македонски што го изгради Ѓорѓија Џорџ Атанасовски. Фестивалот беше бесплатен и не се наплатуваше влезници, туку беше потребна  само желба и волја за слушање и уживање во македонската музика. Сите тие естрадни уметници настапија на  „Маакедонскиот иселенички фестивал“  со цел да покажат и докажат на македонската публика дека тие, и ако живеат далеку од својата родна земја, тие ја носат во своите срца,  размислуваат и творат за својата татковина Македонија.

Според официјалната листа на учесниците, на  музичките портали „Македонско сонце“ и „Музика24“, кои беа медиумски покровители на овој надалку познат музички фестивал, специјална гостинка на овогодинешното фестивалско издание на “Иселеничкиот иселенички фестивал”  се појави познатата македонска пејачка на народна музика, легендарната Виданка Георгиева која  имаше свое шоу и која воедно сите присутни ги потсети на убавите обнародени македонски песни. Следните естрадни уметници кои настапија на манифестацијата  „Маакедонски иселенички фестивал“, на 10 јули 2022 година во Прилеп кои настапија се следните:

Славка Младеновска (Шведска),

Пепи Димоска (Германија),

Алексо Тришоски (Швајцарија),

Гашо Тришоски (Швајцарија),

Слаѓана Костова (Италија),

Цане Николовски (Шпанија),

Марјан Васкоски (Австралија),

Пеце Даскалот (Америка),

Симе Бричот (Австралија),

Ѓорѓи Тримчевски (Германија),

Зоран Далчески (Америка),

Павле Кајмакоски (Австрија),

Лефко Блажески (Австралија),

Јоцо Стоиловски (Италија) и Петар Нечовски,

Љупчо Јовановски-Бубе (Австралија),

Ордан Ристески (Германија),

Горан Ристовски (Германија),

Барбара Јаковлеска (Швајцарија),

Драган Драгаш (Шведска) и Благоја Грујовски,

Перо Христов,

Мишко Микле Србиноски (Америка),

Нада Ангеловска (Австралија),

Лилјана Стоилковска,

Виданка Георгиевска и

Зоран Ванев (Швајцарија)

Инаку, првиот „Македонскиот иселенички фестивал“ во Прилеп го организираше Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасовски“ од Прилем. Таа е насочена кон зачувување на уставното име на Република Македонија, унапредување и заштита на македонскиот национален идентитет, стипендирање најдобри ученици, студенти, поттикнување на спортскиот дух и друго.  Исто така, треба да се истакне дека бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е голем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални и културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци од сите делови на етничка Македонија.

Со продолжувањето на организирање на  „Македонскиот иселенички фестивал“ се збогатува македонската ризница на народни песни и овозможува секоја испеана песна со патриотски дух да претставува збогатување на македонската музичка историја, со порака и надеж дека фестивалот преку убавите патриотски песни ќе биде еден од бранителите и обединувачите на македонската вистина, на македонскиот народ и на етничка Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

26 thoughts on “СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ ФЕСТИВАЛ“ ВО ПРИЛЕП

  1. Wow, awesome blog structure! How long have you ever been running a blog for?

    you made blogging look easy. The full glance of your website is
    great, as neatly as the content material! You can see similar here
    dobry sklep

  2. Wow, marvelous weblog structure! How long have you been blogging for?
    you made blogging glance easy. The overall glance of your website
    is excellent, let alone the content! You can see similar here
    sklep online

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *