МОНОГРАФИЈАТА ЗА ЕСМА РЕЏЕПОВА-ТЕОДОСИЕВСКА КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (11)

Илустрираното  монографско дело „55 години Есма со нејзината песна“ на авторот Славе Катин, издадена во 2015 година, на 410 страници, во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија е отпечатено на 412 страницина македонски, англиски, српски и ромски јазик.

Монографијата е посветена на амбасадорот на ромската песна и македонски музички освојувач на сите меридијани. Име познато и признато, уважено и респектирано во музиката. Вистината за Есма Реџепова–Теодосиевска е една необична, интересна и многу убава приказна, која е облагородена во ов аа монографија и со авторовата имагинација, знаење и умеење, Есма е претставена како пример за афирмација на маке-донската и ромската песна и за Република Македонија.

Есма Реџепова–Теодосиевска е најмаркантното музичко име на ромската, македонската, балканската и светската музич-ка фолк-сцена. Но, таа е и жената која животот го посветила на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божест-вениот глас која почнувајќи од првото музичко откривање на 11-годишна возраст кога ја пријавуваат да се натпреварува во радиоемисијата „Микрофонот е Ваш“, во која ја освојува првата награда па сѐ до нејзините последни мигови од животот.

На таа рана возраст станала популарна и тогаш ја забележал музичкиот уредник Стево Теодосиевски, кој набргу од Есма направил музичка дива на која успесите и концертите биле нејзин неминовен белег. Благодарение на својот ангелски глас таа станала прифатена и призната ширум светот. Со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам, со својата оригиналност и музичка виртуозност го освои светот и стана лесно препознатлив македонски бренд на сите континенти.

Есма Реџепова-Теодосиевска била истакнат естраден уметник цели 55 години, јубилеј кој ретко кој може да го доживее. Таа била неуморна на музичката естрада како гласовен гениј однегуван во неприкосновен добродетел на врвна уметничка креација. Есма владеела со волшебниот клуч на комуникацијата, срцето, емоциите и страста, па така, разгорени истите ги пренесувала на публиката од целиот свет.

Таа со неподнослива леснотија ги интерпретирала ремек-делата на македонскиот и ромскиот дух што го достигнува маестралната изведба на гласот на Кралицата на песната. Тоа излегува од дното на душата и со својата сила успевала да ги расплаче и најтврдите срца, бидејќи топлината и вибрациите на нејзиниот глас ги разбудуваа и најскриените емоции кај луѓето.

Херојот на оваа монографија, Есма, со своето 55-годишно дружење со ромската и македонската песна постојано се залагала за афирмација на македонската култура во Република Македонија, на Балканот и во целиот свет. Таквата угледна музичка ѕвезда, легенда и патриот – вљубеник во својата татковина, секогаш ја водела светата мисла да ја претстави песната и да остави вечни траги за идните генерации.

Многумина рекле и напишале дека Есма била Есма, една и единствена и неповторлива. Гласот на Есма проникнувал од нејзиното срце, па таа светот го опејувала, храбрела, воздиг-нувала, облагородувала, збогатувала, го хранела и напојувала со својот милозвучен глас, што ја правел редок музички уметник, а тоа и го дарувала судбината, а мисијата и го трасирала  патот да биде хуманитарка.

Со својот божествен глас таа досега „излажала“ многу народи. Кога пеела во Шпанија, мислеле дека е шпанска Ромка. Во Русија „малку го згрешила акцентот“, па публиката помислила дека е од Узбекистан. Во Келн публиката од 20.000 посетители занемела пред нејзиниот глас. Во концертната сала завладеала апсолутна тишина како никогаш дотогаш.

Таа била многу среќна што по вторпат била номинирана за Нобелова награда за мир. Првпат во 2002 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија, а во 2006 година, како адут на Светската организација на Ромите, со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубови во земјава.

Поради својата оригиналност и музичка виртуозност Есма е нарекувана Кралица на ромската музика во светски рамки. Затоа, во 2010 година, претседателот на Република Маке-донија, Ѓорге Иванов, ја одликувал оваа естрадна уметничка со „Орден за заслуги за Македонија“, за нејзината дотогашна работа во музиката, како  и за нејзините хумани дела и филантропски активности.

По тој повод нејзината скромност ќе рече: „Ова високо признание не го добивам јас, туку го добиваат граѓаните на Македонија, затоа што секогаш сум присутна во нивните домови. Ова не е само признание за мене, туку признание на сите националности кои живеат во Македонија“.

Исто така, Есма Реџепова-Теодосиевска била првата жена која во  2013 година, ја добила престижната титула „Национален уметник на Република Македонија“. Таа е трет добитник на ова највисоко државно признание, меѓу четворицата, Симон Трпчески, Милчо Манчевски и Борис Трајанов.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

4 thoughts on “МОНОГРАФИЈАТА ЗА ЕСМА РЕЏЕПОВА-ТЕОДОСИЕВСКА КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (11)

  1. Greetings I am so glad I found your website, I really found you
    by error, while I was researching on Digg for something else,
    Regardless I am here now and would just like to
    say thanks a lot for a incredible post and a all round thrilling
    blog (I also love the theme/design), I don’t have time to read
    it all at the moment but I have book-marked it and also
    included your RSS feeds, so when I have time I will be
    back to read a lot more, Please do keep up the great job.
    I saw similar here: E-commerce

  2. Hi there! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization? I’m trying to get my blog to
    rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good results.
    If you know of any please share. Appreciate it!

    You can read similar text here: Ecommerce

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *