Општина Крушево доби 500.000 евра од ЕУ за развој на туризмот

Крушево е првата општина во Македонија што оваа година доби финансиски средства од ЕУ во износ од 499.000 евра за унапредување на туризмот и поттикнување на локалниот економски развој.

Според Општината, во проектот се опфатени реконструкција на спортска сала и проширување на нејзината намена, поставување сувенирници, патокази за туристичките и историските локалитети, организација на настан „Во недопрената природа на точак – Крушево 2018“,…

– Проектот за локална и регионална конкурентност е дел од четиригодишното инвестирање со финансиски средства од ИПА 2 програмата на ЕУ, а е администриран од Светска банка, информира локалната самоуправа.

Во проектот Општина Крушево ќе учествува со четири милиони денари, а координатор е Кабинетот на заменик-претседателот на Ввладата за економски прашања.