Армијата претставува симбол на државноста на Македонија , институција која го штити територијалниот интегритет и безбедноста на граѓаните и затоа таа ужива доверба меѓу народoт, истакнува лидетрот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во честитката по повод јубилејот на Армијата.
– Припадниците на АРМ со својата лојалност и посветеност на работата се гордост за секој од нас како граѓанин на Република Македонија. Посебна почит изразувам кон оние припадници на АРМ кои ги положија своите животи за својата Татковина и на тој начин оставија вечен белег со својот патриотизам и пожртвуваност. Во исто време изразувам и огромна благодарност до сите војници кои во многу случаи и непогоди низ годините излегуваа несебично први во помош и заштитата на граѓаните и нивните имоти и на тој начин ја градеа довербата и угледот на АРМ, наведува Мицкоски.
Армијата, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, заслужува поголемо внимание од Владата, кое, како што вели, во овој момент го нема.
– Армијата се темели на храброста на илинденците и партизаните, на имињата на Ченто, Апостолски , на пожртвуваноста на илјадници мажи и жени кои го даваа животот за нашата слобода . Нека е вечен Денот на Армијата на Република Македонија. Нека е вечна Македонија, пишува Мицокски во честитката по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата.