Смртта на Калистен во 327 година пред н.е. силно се одразила врз пренесувањето на кажувањата за Александар Македонски. Прво, дошло до застој на „официјалните” податоци, како што била пропагандата што се испраќала во античка Елада-Грција и хрониката што ја водел Калистен. Второ, неговата смрт веројатно предизвикала реакција против Александар Македонски меѓу членовите на школата на Аристотел.
Се спомнува дека мнозина од следбениците на Аристотел, меѓу кои биле вклучени и некои од најдобрите писатели и мислители од тоа време, го прифатиле непријателскиот став спрема Александар Македонски, поради егзекуцијата на внукот на големиот филозоф. Анти-Александровата предрасуда се задржа дури и до денес. Така, многу од последните преданија за Александар не се темелеа само врз ласкавото пишување на Калистен, туку и врз пост-Калистеновото непријателство.
Други елинистички преданија се темелат врз лични сеќавања. Александар Македонски не успеа да номинира наследник. Набргу по неговата смрт, целиот источен Медитеран и западна Азија биле зафатени со непријателска војна помеѓу неговите војсководци. Борбата за наследство продолжила и траела околу две децении.
Во почетокот на третиот век пред н.е., меѓутоа, потомците решиле да се изврши поделба на старата Александрова империја во бројни елинистички кралства. Освен тоа, кога војната завршила, некои од генералите кои се бореле на страната на Александар, започнале да ги пишуваат своите мемоари (генералите во секое време не се воздржувале од пишување).
Во целост, раскажувањето на Плутарх е поволно за Александар Македонски, на некои места е многу трогателно и е изведено од бројни извори, од кои некои тој ги именува. Ако се суди според бројот на другите писатели што тој ги цитира, Плутарх бил еден од најчитаните во античко време. Никој толку многу не успеал во формирањето на преданијата на својот „Александар”.
Изгледа дека неговиот одбран начин на композиција го прави ова возможно.
Диодор презентира дури и поголеми проблеми. Никаде во книгата за Александар Македонски не ги спомнува изворите на податоците, иако има доста заедничко и со Плутарх и со Аријан. Диодоровото кажување обично е бледо, често конфузно во одговорите на прашањата за хронологијата и географијата и заостанува во идентификацијата за големата тема или за мотивот во животот на Александар Македонски, зад улогата што Фортун ја игра во определувањето на курсот на човековите дејства. Тој е автор кој дава многу подобар материјал, но кој мора да се употребува со внимание се‘ додека не се каже за неговите методи и традициите што ги следел.
Куртиус, пак, ни дава најколоритни зачувани историски податоци. Неговата книга History of Alexander (Историја за Александар) e високо реторична, загонетна со невозможен јазик, a содржи добро определени неласкави преданија. Во содржината на неговата книга се дадени и информации за бројот на настаните, забележани на различни места, иако често е тешко да се определи до која мера ваквите кажувања се веродостојни.
Природата на книгата History (Историја) од Куртиус е таква што ги поведе современите критичари да се сомневаат дека неговиот главен извор е Клитарх, како мноту популарен автор кој веројатно пишувал во третиот век пред н.е., а чија лага за значењето на подвизите на Александар Македонски можела да биде најшироко позната во класичниот свет. Освен тоа, Куртиус дури и го спомнува Клитарховото име во две пригоди, и доколку Куртиус навистина се потпирал врз Клитарх, за кого класичната антика има лошо мислење како сигурен историчар, тогаш изворот на Куртиус е сомнителен.
Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја се служел со различна и огромна литература. Затоа, може да се рече дека горе изнесеното е состојбата на литературните податоци за животот на Александар Македонски
Интерпретациите на неговата кариера се потпираат само врз оваа мала група извори. Биографите на Александар Македонски се разликуваат во зависност од тоа кој извор го избрале: се прифаќа Куртиус овде, или се одбива Аријан таму, се прифаќа Диодор овде, се одбива Плутарх таму итн.
Некои современи писатели го достигнаа врвот на своето истражување, каде што концептот за Александар Трети Македонски стана повеќе определен, а тие почнаа да го одбиваат или да го прифаќаат податокот во зависност од тоа дали тој се содржи во нивната карактеризација.
Овде нема потреба да се нагласува таа опасност. Стапицата лесно се поставува ако се има предвид дека податокот е брзо прифатен и конфузен. Освен тоа, современиот научник, веројатно под влијание на други научници, понекогаш присилно бара модел во карактерот на Александар. Но, зошто Александар Македонски (или која да било друга историска личност) мора да се однесува секогаш исто? Зарем мора да има некаков систем во Александровите акции?
Може да биде вистина, на пример, дека Александар Македонски можел да биде и брутален и љубезен, во зависност од своето расположение, или според она што било погодно за неговите намери во моментот. Можеби во неговиот карактер доаѓале до израз и малку мистика и нерационално однесување, но не во нормалниот портрет како лукав војник и пресметлив државник.
“Вилкенсоновата биографија за Александар Македонски е трајна, бидејќи содржи комплексност на човек. Таа не настојува да го прикаже како посебен модел. Го опишува како индивидуа со различно расположение и амбиции, чии хоризонти се проширија со постигнување на успе-хот кој му донесе моќ.
Вилкенсоновиот Александар Македонски не е обичен човек. Никој што има направено толку многу и во толку кус период не може да биде обичен, но за Вилкен тој сепак останува човечен. Тоа е судбината на Александар да се однесува како човечко суштество, да се движи на голем простор, учествувајќи врз животите на безбројните луѓе во своето време и предизвикувајќи фантазии кај оние што живееја по него“, ќе напише Еуген Н. Борза. кој е автор на англискиот предговор на романот „Александар Велики“ од Улрих Вилкен, а Славе Катин е автор на преводот на македонски јазик на истиот предговор.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН