ОД ДЕНЕСКА КОМПЛЕТНИ НА ПОДГОТОВКИ

Македонската женска ракометна репрезентација од денеска во комплетен состав ќе се подготвува за квалификацискиот двомеч со Фарски острови, која се игра за пласман на ЕП 2018 година во Франција. Додуша и покрај напишаното на утринскиот тренинг недостасуваа оние од кои највеќе се очекува, интернационалките Елена Ѓорѓиевска, Драгана Петковска и  Наташа Нолевска, но останатите 13 репрезентативки стартуваа со тренинзи.

Во репрезентативниот состав се враќа Марија Штериова, а во однос на претходниот циклус нова ракометарка е Моника јанеска.

Има новина и во стручниот штаб, во кој е вклучена Тања Андреева, која ќе работи со голманите.

Првата средба ќе се игра на 21. март во Торшавн, а реваншот е на 25. март во Скопје. Ова ќе биде трет обид на нашата селекција да дојде до какви такви бодови во групата, бидејќи во првите две кола загубија во фаворитите Србија и Шведска. Само како потсетување, на ЕП заминуваат првите две селекции од групата.

Инаку, против Фарски острови имаме веќе одиграно еден натпревар, кој тешко го добивме со резултат 21-19.