Македонските бањи подготвени за претстојниот престој на пензонерите

Четирите бањи во Македонија „Дебарски Бањи-Цапа. “Бања Банко, Катланковска Бања и Негорци се целосно подготвени престој и квалетни услуги за македонските пензионери кои оствариле право на бањско климатската рекреација.

– Првата група од над 800 пенизонери во бањите ќе пристигне на 23 март. Се надеваме, како и во изминатите години пензонерите да бидат задоволни од престојот и услугите. Сите локалитети се опкружени  со прекрасна природна убавина, што секако придонесува да се минат убави денови, за лицата од третото доба, вели Трим Ќемали, претседател на Групацијата на бањи при Стопанската комора  и заменик извршнот директор на „Дебарски Бањи-Цапа“.

Ќемали, го нагласува значењето на бањско климатската рекреација не само за пензионерите, туку и за самите бањски установи, односно развојот на бањскиот туризам.

– Во нашите два локалитета, Косоврасти и Бањиште, во изминатите години престојуваа  8.400 пензионери. Дел од нив првпат, што навистина е многу значајно за нив како личности, но и нивното здравје. Но во исто време и за нас обезбедените средства од Владата се многу значајни, затоа што ги насочуваме кон подобрување на условите во постојните, но и изградба на нови капацитети, посочува Ќемали.

Во рамките на овој проект државата на пензионерите им обезбедува шест полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и платени трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта, како и придружник за лица за кои е неопходно. За оваа цел во Буџетот на Минстертвото за труд  и социјална полтика за 2018 годна се обезбедени финансиски средства во висина од 35 милиони денари, како и средства за превоз.

Во период 2010-2017 година оваа услуга ја искористиле повеќе од 40 илјади пензионери од целата држава, а годинава треба да ја искористат над 4.800.

Годинава, додава тој, во „Дебарски Бањи-Цапа“ ќе престојуваат 1.267 пензионери, најмногу од Битола или 315, потоа од Скопје 277,Тетово 214,  Гостивар 149, Охрид 120, Струга 77, Кичево 46, Дебар 38 и Ресен 31 пензонери.

– Поволноста ќе ја користат во периодот март- мај. Околу 80 отсто од пензонерите поволноста ја корстат во овој период, но доколку не се во можност од објектвни прчини,имаат втора шанса тоа да го направат во септември. Убедени сме дека нашите ценети пензонери ќе бидат задоволни од престојот кај нас, каде што важи паролата гостинот секогаш е во право, вели Ќемали.

Од дебарската Деловна единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување која со својата актвност ја покрива и  општина Центар Жупа, потврдуваат дека од 2010 година, кога почна да се имплеметира овој владин проект, поволностите од него досега ги исползувале над 400 пензионери од двете општините каде има над две илјади пензионери, од нив околу 400 во општина Центар Жупа.