ВМРО-ДПМНЕ: Вчера се случи класична полициска монтажа во режија на СДСМ и ДУИ

Вчера се случи класична полициска монтажа во режија на власта на СДСМ и ДУИ. Соочени со големиот револт на граѓаните, кој трае неколку денови, поради Предлогот кој предвидува асимилација на народот и понижување на Македонија, власта се реши да игра на карта на меѓуетнички тензии.

Вчера власта беше подготвена да дозволи убиство, со цел да си ги обезбеди фотелјите, функциите и криминалните тендери. Ова сценарио власта го најавуваше. Прво министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии, и ако не поминел предлогот кој опфаќа асимилација и бугаризација на Македонија. По него и Спасовски и Ковачевски градеа милитантен контекст, зборувајќи за молотови коктели, жртви и слично, со цел на крај да го обвинат мирољубивиот и достоинствен народ кој протестира против предлогот.

Ова е монструозниот план на власта. Оваа криминална власт сака да се одржи по секоја цена. Ова нема никаква етничка или политичка основа. Ова е класичен обид на криминалот да ја зачува својата комфорна позиција. Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност да не подлегнуваат на провокациите на власта. Ги повикуваме граѓаните и денес во 19 часот уште помасовно да се приклучат на сенародниот протест и мирно и достоинствено да се упатат од платото на Владата, преку министерството за правда кое замижува пред криминалните активности на властодршците, до Собранието и таму да го кажат гласно Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *