Делегација на Парламентот на Република Индонезија, предводена од Абдул Малик Харамеин, заменик-претседавач на Групата за религиски и општествени работи и за еманципација на жените, која од вчера престојува во земјава, денеска ќе има работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.
Делегацијата е составена од претставници на Парламентот на Република Индонезија задолжени за повеќе сектори – банкарство, енергетика, транспорт, рударство, земјоделство, телекомуникации,…
На работната средба, како што соопшти Комората, ќе се разговара за унапредување на деловната соработка меѓу двете земји.