Буџетските корисници задолжително ќе ги објавуваат финансиските извештаи на веб

Буџетските корисници од денеска задолжително ќе треба да ги објавуваат финансиските извештаи на своите веб страници.
Според Законот за изменување и дополнување на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници, завршните сметки мора да се објават на веб страниците во рок од 15 дена од денот на нивното доставување до регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.
– Објавуваме извештаи кои претходно не беа достапни на јавноста, а и со закон воведовме обврска за задолжително објавување на финансиските извештаи на буџетските корисници на своите веб страници, истакна вчера министерот за финансии Драган Тевдовски на трибина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *