Костадиновска-Стојчевска од Тирана: Културата и младите и нивно јакнење во креирање европските проекти во фокусот на агендата на Министерството

Наградата за Тирана како Eвропска младинска престолнина (EYC) за 2022 година, претставува нов пат за напредок за градот, за младите и за земјата. Тоа е нов начин на соработка, дизајнирање, стимулирање и зајакнување на градот, со и за младите, велат од Националниот младински конгрес на Албанија.

Како што соопшти Министерството за култура, тие по средбата со македонската министерка за култура Бисерa Костадиновска-Стојчевска која учествува на министерскиот состанок за Западен Балкан за промоција на првата Министерска платформа за култура, информираа дека оваа година посветена на културата и младите, споделија искуства за она што го идентификуваат како предизвик, но во исто време како најскапоцениот наградувачки и инспиративен моментум, а тоа е посветеноста да изградат долгорочно наследство и да ја подобрат визијата за Тирана како град кој е инклузивен за сите млади.

Извршната директорка на Националниот младински конгрес на Албанија, Дафина Пеци вели дека за спроведување на EYC 2022 во Тирана, Националниот младински конгрес на Албанија тесно соработува со Општината Тирана и различни министерства и владини агенции. Според неа, ова е цврст пример дека соработката и структурираниот дијалог меѓу граѓанското општество и владините институции носи повеќе инвестиции во младински политики и програми, повеќе шеми за грантови за младински проекти, повеќе јавни простори за младите да се поврзат и да го достигнат својот потенцијал, како и повеќе синергии и мрежи.

– Подготвена сум на младите од Северна Македонија да им помогнам да се зајакнат во креирање на европските проекти и активно да учествуваат во Креативна Европа. Факт е дека културата и младите отсекогаш се во фокус на агендата на нашето министерство. Само така ќе покажеме цврст став за нашиот пат кон европското семејство и ќе вклучиме повеќе теми кои се од особено значење, а тоа се култура, образование, иновации, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Тие заклучија дека институциите треба целосно да ги посветат своите капацитети и волја максимално да ги зајакнат земјата и нејзините млади преку развој, напредок и напорна работа.

– Оваа година, повеќе од кога било, Тирана го става центарот на вниманието на младите. Младинската престолнина за 2022 година веќе ја започна годината со многу активности и настани насочени кон младите луѓе, овозможувајќи им да се интегрираат што е можно повеќе во различни области од нивниот секојдневен живот. Тирана е одличен пример кој нуди многу можности за младинско ангажирање. Разновидната и автентична програма на Tirana EYC 2022 опфаќа широка област на теми што се однесуваат на младите како учество, култура, иновации, младински простори, европски идентитет, капацитет, различност и еко-здравје. Активностите вклучуваат од работилници, конференции, предавања, отворени форуми, до улични забави, културни настани, флеш мобови, уметност и традиција, додава генералната координаторка на Тирана EYC 2022, Национален младински конгрес на Албанија, Аспасјана Конго, се наведува во соопштението. 

SHARE