Светска премиера и награда за „Ловци на вештерки”

По премиерното прикажување во официјалната програма на Интернационалниот „Tiff kids“  фестивал во Торонто, „Ловци на вештерки” ја освои и наградата за најдобар филм од т.н. младо жири, Best young joury award TIFF Kids.

„Ловци на вештерки” е приказна за вистинско другарство на две деца, за Јован, десетгодишно момче родено со делумнa церебрална парализа, кое преку својата имагинација бега во светот на фантазијата.

Филмот е во режија на Рашко Миљковиќ, сценариото е напишано од Марко Манојловиќ и Милош Кречковиќ, а во него играат Михајло Милавиќ и Силма Махмут, како и Јелена Докиќ, Милутин Милошевиќ и нашата светски позната актерка Јелена Јованова. Директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, костимограф Ирена Атанасовска, монтажер на филмот Ѓорѓе Марковиќ, додека снимател на звукот е Игор Поповски.

Во оваа српско-македонска копродукција, продуцент е Јована Караулиќ од Акција Продукција, а копродуцент Огнен Антов од „Дрим фектори“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *