НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ СЕ ВЕЧНИ И НЕТРЕБА ДА СЕ ЗАБОРАВАТ ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО


ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА 
СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО 

Дана Скендова Скотланд е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор, во македонското духовно живеење и македонската заедница. Во исто време со своето скромно поетско постигнување е позната, докажана и призната  во македонската заедница во Торонто, особено преку Литературното друштво „Браќа Миладиновци” што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски” во Торонто. 

Меѓутоа судбината за Дана била таа да ја напушти Македонија во немирните времиња исполнети со прогони, неправди, страв и се’ она што може да го донесе војната и недемократските системи. Таа од родната Македонија го понесе единственото чувство дека е Македонка и дека ќе остане тоа до крајот на животот 

Затоа, пораката на Дана Скендова – Скотланд е дека никогаш не треба да ги заборавиме нашите македонски корени, кои сме и од каде сме дошле, и секогаш да живееме со надеж и да знаеме дека ќе имаме подо- бро утре. Тоа го вели бидејќи Македонија е нејзината родна земја. Македонија е нејзината дедовска земја чија географската положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаи Затоа се вели дека Македонија е библиска земја.

Во монографското дело „Сеќавање“ кое е посветено на Дана Скендова Скотланд е забележано дека Македонија со својата древност и милениумска вековитост е гордост, радост и тага, сон и јаве за секој Македонец. Не случајно на многу трговци и каравани тука им поминувале патиштата, а за многу воени експедиции, војски, победници и поразени таа била многувековен мегдан. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија. И денес Македонија сѐ уште во себе крие мно- гу тајни од минатото, кои, веројатно ќе бидат предизвик за наредните генерации.

За судбината и историскиот развој на Македонија, од античко време до ден-денес, пишувале голем број странски и домашни автори. Некои се обиделе да ја искриват македонската сторија, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ.

Според книгата на англиски јазик „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ од академик Антоније Шкокљев – Дончо, Славе Николовски – Катин и Ристо Стефов, Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстој, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на Словените на југ и потпаѓањето под

Отоманската империја, Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата библиска земја етничка Македонија.

Во многу документи е запошано дека во богатата историја на Европа тешко е да се нај- де народ каков што е македонскиот, кој имал толку многу превирања со своето национално конституирање. Тешко е во светот да се најде друг народ кој имал и толку бурна историја. Затоа често се вели дека на многу народи судбината им била историјата, а на Македонецот историјата му била судбина.

Македонскиот народ на Балканот на кој најдоброто оро му е античкото оро, кое се вика „Тешкото”, објективно и не можел да има поинаква судбина и минато. Македонија не само што отсекогаш била на сечилото на многуте мечеви и јатагани, сабји и ками, туку во неа се судрувале и прекрстувале многу различни култури. И ако токму таа Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една најстара цивилизација.

112312

Се чини Филип II Mакедонски и Александар III Македонски (Велики), се најзначајните личности во античкиот период. Тие биле воини, стратези, генијалци и кралеви на античка Македонија. Тие го сменија текот на историјата, границите на континентите, филозофијата на животекот, затоа и по три илјади години остаа да бидат непрестајна инспирација и восхит за вечни времиња.

Според историските факти, Филип Втори Македонски (359 – 336 година пред Христа) потекнува од династијата Аргеади. Тој е син на кралот Аминта, а постанал македонски крал на 23 годишна возраст. Филип монархот со сета своја мудрост, знаење, искуство, воинственост и храброст, ги отвори вратите на неговата родна Македонија кон светот.

Меѓутоа, најголем, територијален, политички, воен и економски подем и процут, незапаметен и незабележан било каде на друго место на планетата земја, Македонија доживеја во времето кога на престолот е најуспешниот мудрец, стратег, војсководец и бестрашен борец Александар III Македонски (Велики). Роден е во Пела, од таткото Филип и мајката Олимпија Епирска, во јули 356 година пред Христа, од ди- настијата Аргеади.

Александар III Македонски (Велики) стекнува слава на генијален стратег, воин, војсководец, мудрец и визионер за голема светска држава. Ги покорил со неговите успешни воени походи Анадолија, Сирија, Египет, Персија и Месопотамија, проширувајќи ги границите на Македонија сѐ до Авганистан и Индија. Под неговата команда на илјадници квадратни километри биле бројни држави, царства, импе- рии, племенски заедници, народи и нации.

Насекаде каде што војувал и освојувал, Александар III Македонски (Велики) воведувал посебна власт и управа, при што ги почитувал и локалните традиции и обичаи. Едновремено бил иницијатор и организатор на големи градителски подвизи. До ден-денес останале траги од некои имиња, градови, места и обележја подигнати во Александровото време.

Според историските факти, само еден месец пред да наполни 33 години, легендата Александар III Македонски (Велики) умира под сѐ уште контраверзни околности во јули 323 годи- на пред Христа во Вавилон.

Често се вели дека хероите заминуваат – но делата, записите, преданијата, митовите и легендите остануваат. Александар III Македонски (Велики) впиша ново поглавје во светската историја, воената доктрина, во литературата и културата, особено во македонската вистина.

Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстој, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Меѓутоа, Егејска Македонија е судбината на моето семејство Скендоци од селото Неволјани, Леринско.

Од величествените времиња на Александар Македонски, преку римските и византиските владеења и преку големите миграции на Словените на југ, Македонија била раскрсница на цивилизации, култури, религии, јазици и на народи. Секој камен, секоја грутка црна земја зборува за оваа бурна историја, која сѐ уште во себе крие многу тајни од минатото.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *