АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НА СРЕДБА СО ПРОРОКОТ ВО ХРАМОТ ВО СИВА

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

Кога Александар Македонски се врати во дворот на храмот, неговите пријатели нетрпеливо го прашаа што се случи, а тој им рече дека ништо повеќе од тоа што „тој го слуша, a e во согласност со неговата желба”.
Некои од неговите пријатели ја искористија можноста да му постават прашања на Бога во своја лична корист. Тие исто така добија одговор според опишаниот обред, со медитација на пророкот, но надвоц, во дворот на храмот како обични аџии. Сето ова се случи јавно.

Како што покажува одговорот на Александар Македонски на прашањата од своите пријатели, разговорот го задржа како тајна. Веројатно имаше лични причини што го направи тоа. Но, можеби и пророкот му има укажано одговорот да го зачува во тајност, според египетските правила, бидејќи Господ му зборувал на својот син.

Александар бездруго чуваше тајни. Веднаш потоа тој и напиша на мајка си Олимпија, известувајќи ја дека ги примил тајните директиви што ќе ѝ ги соопшти веднаш по враќањето во Македонија. Бидејќи тоа никогаш не се случи, Александар ја однесе тајната в гроб. Затоа нема да се дознае какво прашање му поставил на пророкот.

Поради тогашната воена и политичка ситуација повеќе од сигурно беше дека прашањето се однесувало на неговата иднина. Меѓутоа, како тој го формулирал тоа, колку требало да се прошири, дали се однесувало само на претстојните борби со Дариј, или и на вистинското добивање суверенитет над Азија што го бараше тој по Ис, или намерата му била да го освои целиот свет, сето тоа веќе беше во неговата глава и не се измени во наредните години од неговиот живот. За сето тоа знаеше само Амон, а ние никогаш нема да дознаеме.
Преку зборовите што Александар Македонски им ги рече на своите пријатели, може несомнено да се заклучи дека тој добил поволен одговор од Бога, а античкиот свет кој веруваше во непогрешливоста на Зевс Амон, може сега веројатно да се заблагодари, бидејќи се што Александар Македонски направи од тогаш правеше во согласност и со благослов на Бога.

Дури тоа да беше само ефект, сепак Александар Македонскии претходно беше поздравуван како син на Зевс Амон.

Ова поздравување му беше јасно на пророкот, бидејќи пред себе го имаше Египетскиот крал, а од египетска гледна точка тоа беше исто така признавање на Александар Македонски како крал на оазата. Александар Македонски веќе беше поздравен во храмот на Птах во Мемфис или во други египетски храмови во кои тој влезе како син на посебен Бог.

Но, сомнително е дали овие поздрави длабоко го импресионираа Александар Македонски, дали навистина неговото внимание беше посебно свртено кон овие титули што беа закитени со национални фрази и доделувани на Египќани, потоа дали нивните значења му беа објаснувани.

Во оазата, меѓутоа, поздравувањето кон него како кон син на Господ го прими со големо изненадување и остави длабок впечаток врз него. Александар Македонски за Бог го сметаше Зевс, големиот античко грчки Бог на пророштвото, еднакво умен за него и за неговата придружба, а пророкот при обраќањето кон него го опиша како син на Бога. Тоа значи дека Александар Македонски беше поздравен како син на Зевс. Тоа мора длабоко да навлезе во неговата душа како болскот од светлина и предизвика длабоки емоции.

Тој подоцна се консултира со пророкот, кој го поздрави во своето место и од името на Бога. Во ова Александар виде откровение на Бога, откровение што го прифати како надеж за потврдување на посебната Божја заштита што долго ја чувствуваше како благодарност на божјата сила што ја имаше во себе и што го поведе кон големи успеси. Тој се повеќе веруваше во ова, бидејќи според античката концепција натчовечките подвизи го воздигнуваат човекот во божјата сфера.

Во текот на целиот свој живот Александар Македонски беше проникнат со ова мистично верување дека е син на Зевс Амон. Поради тоа тој се откажа од својот татко Филип Македонски како што и секој фараон се откажуваше од својот роден татко, бидејќи во исто време тој беше син на Ра, како и на други богови. Во гоа време мистицизмот и реалноста одеа паралелно.

До крајот на животот Александар Македонски послушно го признаваше Филип Македонски како свој татко, меѓутоа неговата политика отстапуваше од онаа на Филип Македонски. Од друга страна, пак, колку длабоко се оддалечи со свите божествени права како син на Бога е прикажано со тоа што подоцна одлучи да биде погребан во оазата близу до својот татко Амон.

Освен тоа Александар Македонски никогаш не мислеше да направи политички култ од себе како син на Зевс. Ниту пак се слушна во многу нецелосната традиција дека тој презел чекори да ги пропагира или да ги прогласува своите божествени права што можеше да ги ужива како син на Бога. Во дадениот момент, веста за оваа сензационална случка наскоро се прошири нашироко и надалеку.

Пред да го напушти Египет, го посетија амбасадорите од Милет и го известија дека светиот извор во храмот Дидима, што се исуши во времето на Ксеркс, повторно протече и дека пророштвото го потврди Александар Македонски како син на Зевс, а и Сибил од Еритра исто така го призна како таков. Можнр е, но не и неочекувано, Александар Македонски да се интересирал брзо да се рашири оваа вест, но нема никакви докази за вакви постапки.

Ниту пак кажувањето на Калистен, каде што случајот беше јасно опишан, ја објаснува брзината со која се рашири веста, бидејќи тоа не беше објавено до 330 година. Тоа е сфатливо, зашто пријателите и придружниците беа сведоци на поздравот испратен дома во писмото до својата мајка.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН