Премиерот Кирил Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковната позиција донесена од Народното собрание и Владата на Бугарија, но тој беше одбиен од МНР, рече шефицата на бугарската дипломатија во оставка Теодора Генчовска на сослушувањето пред пратенциите во Парламентот во Софија за преговорите со Република Северна Македонија.
Генчовска, како што јави БГНЕС, оцени дека преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив, како што наведе, е „формулацијата на т.н. македонски јазик во историска и етничка смисла“.
– Уште кога ја презедов функцијата министер за надворешни работи, на првата средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, кажав: комуницирајте само со мене. За жал, тоа не се случи. Претставниците на РСМ продолжија да бараат контакт надвор од МНР со цел да се отстрани клучното бугарско барање – Механизмот за следење на спроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година, рече Генчовска.
На 5 април годинава, како што псоосчи таа, советникот за надворешна политика на премиерот испратил нацрт за ажурирање на Рамковната позиција, којшто сугерирал ревизија на националната позиција на Бугарија.
– Нацртот на таа нова Рамковна позиција не го вклучува бугарскиот став за т.н. македонски јазик. Барањето за европски гаранции во однос на Договорот од 2017 година станува неодржливо. Практично, овој проект ги комбинира парцијалните идеи на МНР за имплементација на билатералниот договор, но без јасен механизам за спроведување на договорот. МНР оцени дека документот е целосно погрешен и го отфрли како можност, рече Генчовска.
Според неа, главниот проблем бил што додека МНР се обидувало да преговара, на друго место се создавал впечаток дека Бугарија може да сеогласи и на помалку и оти е подготвена за отстапки.
Таа наведе дека има четири теми за кои треба да се направи напредок за да се заштитат бугарските национални интереси: имплементација на Договорот од 2017 година, вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ, зачувување на бугарската позиција за јазикот на соседната земја и вклучување на гаранции за сите овие прашања во преговарачката рамка на ЕУ со РСМ.
This article is fantastic! The perspective you shared is very refreshing. For more details on this topic, visit: DISCOVER MORE. What do others think?