Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за стечајци.
Со овие измени овозможуваме материјално да бидат обезбедени дополнителни 2.000 лица, наши сограѓани, коишто ќе добиваат месечен материјален надоместок во износ од 7.596 денари.
Или вкупно, создаваме можност за материјално обезбедување на околу 5.000 наши граѓани, на коишто оваа помош им е неопходна.
Со законските измени се олеснуваат потребните услови за стекнување на правото на материјално обезбедување, доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со доминантна сопственост на државата се приватизирало.
Ова право ќе биде остварено доколку единствениот матичен број на субјектот не е променет од моментот на засновањето на работниот однос во тоа претпријатие, до неговиот престанок.
Истовремено, поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице (најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи).
Лицата кои што бараат материјален надоместок условот за возраста треба да го исполнуваат во моментот на поднесувањето на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување, а не од моментот на стапување на сила на постојниот закон, како што беше досега.
Со оваа мерка се решава проблемот со статусот на стечајните работници и се исправа долгогодишната неправда кон овие граѓани, кои не по своја вина останале без работа и долго време беа без никакви приходи.
И покрај сите обиди за блокади и деструкции од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и парламентарното мнозинство продолжува да ги спроведува реформите што носат повисок животен стандард, нови работни места, независни институции и правда за сите.