Османи во официјална посета на Република Турција

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Турција, при што ќе се сретне со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина, ќе бидат во фокусот на разговорите на средбата, информираа од МНР.

Како што е најавено, Османи ќе има средба и со претседателот на големото национално Собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

На маргините на посетата на Анкара, Османи ќе се сретне и со поранешниот министер за надворешни работи на Турција Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30 годишнината на независноста на Северна Македонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *