Иако е веќе четвртфинална фаза од ЛЕ и слаби противници нема, или не би требало да има, се чини Спортинг Лисабон, во кој настапува македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски, беше најмалерозен и за противник го доби главниот аспирант за титулата оваа сезона, Атлетико Мадрид.
Можеби изненадувањето оваа сезона, Лајпциг, за кој никој не веруваше дека може да дојде во завршницата на ЛЕ, за противник ја доби француската екипа Олимпик Марсеј, а Лацио ќе се сретне со Салцбург, уште еден тим кој не добиваше големи шанси пред почетокот на натпреварувањето.
Последната двојка од четвртфиналето ја сочинуваат Арсенал и ЦСКА Москва.