СЛАВЕ КАТИН – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ПОВЕЛБА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“ НА ПЕЛАГОНСКИТЕ КУЛТУРНО-НАУЧНИ СРЕДБИ

1slave 3

СоветотнаПелагонскитесредби на чело со претседателот д-р Весна Калпаковска насвојатаседницана 17 мај 2022 година одлучида му јадоделинаградата „Повелбазаживотнодело“ на публицистот Славе Катин за неговиот севкупен труд, дела, дострели и придонесвонауката, културата, новинарството, религијата и општественотоживеењеОфицијално наградата ќе му биде врачено на традиционалните Пелагонски средби во октомври 2022 година

Манифестацијата „Пелагонските културно-научни средби“, е од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Носители на активноста се познати писатели, научни творции други културолози кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на Средбите. Пелагонските средби се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври,  на кои настапуваат по педесетина учесници од различни области на секоја средба, чии трудови се печатат во зборници

„Пелагонските културно-научни средби“  се озваничени на 20 септември 2000 година во Матичната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола, кога официјално се конституира нејзиниот Иницијативен одбор и кога е избрано раководното тело на Средбите, Извршниот одбор ја раководи Совет од повеќе легално избрани личности. Членови на Советот се познати писатели, поети, уметници, универзитетски професори и научни творци.

Во 2018 година Советот донесе одлука за воведување на посебно признание „Златен клас за македонски вознес“ кое, вообичаено, се доделува на познати автори кои со своето творештво го афирмираат македонскиот јазик и култура во странство. Овогодишен добитник на признанието „Златен клас за македонски вознес“ е Виктор Бивел од Сиднеј. Тој е Австралијанец од македонско потекло кој својот живот го посветува на македонското иселеништво на Македонија и македонскиот народ со посебна нагласка на настаните во Егејска Македонија. Неговото име и дело се добро познати меѓу Македонците во Австралија и меѓу македонските иселеници во целиот свет. Тој е познат новинар значаен издавач, уредник и публицист. Неговиот портал „Политекон“ е огледало за вистината на културата, историјата и борбата за основните човекови права на Македонците во Грција.

Според биографските податоци на добитникот на наградата „Повелбазаживотнодело“на публицистот Славе Николовски – Катин кој е познат само како Славе Катин и е голем вљубеник во својата родна Преспа и Охрид, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и во македонското иселеништво насекаде во светот. Тој ѝ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората.

2no12

Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспората и на Македонската православна црква- Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.

По дипломирањето на Филолошкиот факултет (1974), Катин четири години работи како координатор и стручен преведувач во Хидробиолошкиот завод во Охрид, во периодот на истражувањето на Охридското Езеро, утврдено со Договорот помеѓу Заводот и Смитсоновата фондација од Вашингтон. Во овој период, интензивно работи на повеќе преводи од научен и стручен карактер, од македонски на англиски јазик и обратно, за потребите на Заводот, но и на низа преводи на англиски јазик на научни трудови објавувани во земјата и странство.

Од 1979 до 1984 година, Катин е во Матицата на иселениците од Македонија, каде ја води Информативната служба и работи како преведувач и новинар во списанието “Македонија”. Од 1984 до 1990 година  се наоѓа во Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (РК ССРНМ), каде го уредува “Информативниот преглед” и други информативни публикации на оваа општествена организација. Воедно, од Претседателството на РК на ССРНМ е именуван за раководител на Службата за информирање, за секретар на Комисијата на РК ССРНМ за меѓунационални односи и секретар на Одборот за остварување на улогата на ССРНМ во сферата на религијата и верските заедници.

Од 1991 до 1998 година Катин (именуван од Собранието на Република Македонија, како самостојна и независна држава) ја врши функцијата потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници. Во 1999 година повторно се враќа во Матицата на иселениците од Македонија, сега веќе трансформирана во Министерство за иселеништво, кое, по една реконструкција на Владата, е рангирано (деградирано)  во Агенција за иселеништво. Со цел поангажирано да се посвети на иселеништвото, во 2001 година, Катин ја напушта Агенцијата и заминува во предвремена пензија.

Меѓутоа, во овие дваесеттина години по пензионирањето, тој е активен во издавачката дејност. Како главен и одговорен уредник на една од престижните издавачки куќи–Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје, тој постигнал видни резултати во издаваштвото, особено во учебникарството. Славе Катин уредил и објавил неколку стотини наслови од кои најголем број се учебници и дидактичка литература, кои значат голем прилог и придонес во образовните процеси во Република Македонија и за учениците во дијаспората, а кои се одобрени од Министерството за образование и наука на Република Македонија, потоа дела на македонски иселеници, асоцијации и организации во Канада, САД, Автралија и Европската Унија, како и книги на бројни познати и непознати автори од Македонија, како и дела од творештво на Славе Катин.

Како функционер на Владата на Република Македонија, Славе Катин бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и  Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбул  и Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија, а многу пати патувал со делегации на Македонската православна црква -Охридска архиепископија за Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија, бројни европски земји, Турција и Израел.

Во текот на неговата работа и творечка дејност објавил шеесет публикации, лексикографски изданија, преводи од македонски на англиски јазик и обратно.  Исто така, автор е на над четири илјади новинарски текстови и други единици од науката, фељтони, репортажи, осврти, портрети, преводи од литературата, јазикот религијата и културата на англиски и на македонски јазик, како и на друг вид текстови и материјали што се објавени во земјата и во светот.

Има учествувано на шеесетина симпозиуми, трибини, конференции и друг вид сесии во земјата и во светот на кои има презентирано, главно, реферати што се однесуваат на културата, литературата, јазикот и религијата, како и на информативната и друга дејност на македонските иселеници во прекуокеанските и во западноевропските земји.

Како активен новинар бил избран за секретар на Здружението на новинарите на Македонија, на која должност остана пет години. Потоа бил член на Претседателството и на Комисијата за меѓународна соработка на Здружението. Бил член и на Советот на Центарот за странски јазици во Скопје, на Издавачкиот совет на „Меѓународна политика” од Белград и член на „Друштвото на литературните преведувачи на Македонија“. Два мандата бил потпретседател, како и член на Друштвото за литература и култура Македонија – Канада, потоа бил почесен член на Здружението за примена на македонскиот јазик во службената и во јавната комуникација; потпретседател и доживотен член на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” . Бил почесен член на Меѓународната академија за слобода на религијата во Вашингтон, САД, а  сега е почесен член  е на Литературното друштво „Браќа Миладиновци”, на „Канадско-македонското историско друштво“ од Торонто, Канада, на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД, како и на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а е член на Македонското научно друштвото  од Битола, Р. Македонија.

2no125

Славе Катин е добитник на голем број награди и признанија од бројни организации, друштва, установи, цркви и црковни општини во Република Македонија и во странство. Тој,  е добитник на престижната награда „Крсте Петков Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија од областа на журналистиката,наградата „Признание за животно дело“ на 48-те Љубански илинденски иселенички средби (2021), како и на најпрестижната Награда за животно достигнување“на „Обединетата македонска дијаспора“ од Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

2no1234  Пишува: ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ