Официјален грчки документ
Документот е официјален договор од Воденскиот Јавен Нотар , во 1923 година, меѓу македонски жители на село Платани и грчката држава, за купување на земја и имоти од државата во село Платани, кое е основано во 1907 од жителите на Пожарскиот регион кои таму се доселиле.
Мината година општината Воден празнуваше 100 години од основањето на селото.
Покрај останатите информации, напишани на овој договор во местото означено со двете црвени стрелки (види слика) го пишува следново:
“… втората страна во овој договор помеѓу бројот единаесет и бројот четириесет и девет, која не го знае Грчкиот, а единствено МАКЕДОНСКИОТ (јазик), се претставуваат заедно со нивниот најмен преведувач, по своја волја и убедување, личноста која јас ја знам како г-дин Теодор Тсиоку, сопственик на земја и жител на Воден, кој положи заклетва врз Светото Писмо како што е побарано по закон, дека ќе направи вистинит и точен превод од Грчки на МАКЕДОНСКИ, и обратно, за договорните страни, за сведоците и за мене …“
Wonderful insights! The way you break down the complexities is commendable. For additional information on this topic, I recommend visiting: EXPLORE FURTHER. Keen to hear more opinions from the community!