МАКЕДОНСКО – ИЗРАЕЛСКИ МОСТОВИ НА ПОВРЗУВАЊЕ ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН Ерусалим е светото место на трите најголеми религии, центарот на светот, местото каде може да се сретнат локации на кои во исто време има остатоци од црква која била изградена и срушена, па на истото место синагога изградена па срушена, и на крај изградена џамија. Ерусалим е место кое е свето и за христијаните, и за Евреите и за муслиманите. Местото каде што е создадено сè што е свето, но во исто време е срушено и повторно изградено. Градот е единственото место каде што една до друга се најблиску трите религии, но и место каде што се и најмногу поделени. Тоа се гледа во организацијата на стариот град на Ерусалим кој е поделен на четири дела, христијански, муслимански, еврејски и ерменски. Ерменците се сметаат како најстара христијанска нација, затоа што биле први кои го примиле христијанството. Ова место по многу нешта е поврзано со Исус и неговите последни денови, местото на Исусовата голгота. Главната фигура на оваа слика е Ал -Акса џамијата, свето место за муслиманите. Според преданијата, христијаните го чекаат повторното појавување на Исус, муслиманите го чекаат појавувањето на зелениот конец кој треба да ја поврзе Ал – Акса со Маслиновата Гора, а Евреите чекаат да се појави, како што тие велат, вистинскиот месија, но не знаат како точно треба да изгледа Израел не е само земјата на минатото, туку таа е земја на денешницата и иднината. Во Ерусалим се наоѓа музејот „Јад ва’Шем“ чија мисија била да изврши комеморација и документација на настаните, како и целосна селекција, истражување и публикување на доказите за холокаустот, потоа да направи избор и регистрација на имињата од жртвите, како и понатаму да истражува и да ги едуцира генерациите што доаѓаат. Оваа современа институција на Израел е една од најопремените во светот која може да послужи за пример. Во Тел Авив, пак, се наоѓа Музејот за дијаспората. Овој музеј ја отсликува и презентира историјата на еврејскиот народ од времето кога тие биле истерани од земјата Израел. Музејот за дијаспората го презентира вистинскиот и единствен историски развој на еврејскиот на­род континуирано во целиот период на постоењето. Преку прикажување на култур­ни­те, националните, образовните, семејните, религиозните и друг напредок, преку на­по­рите и настојувањата кон поубава иднина се сака да се стекне, да се придобие, од­носно да се трасира еден широк двонасочен пат на личната и многувековна историска карта на идентификацијата на еврејскиот народ. Македонско-израелските мостови на поврзување, соработка и заемно почитување траат од многу одамна. Почнувајќи од древниот период па сè до денес, Израел како и Македонија бил, е и ќе биде раскрсница на различни нации, цивилизации, култури, јазици и религии. Затоа, со право се вели дека историјата на Евреите и историјата на Македонците е тесно поврзана. Почнувајќи од древните времиња на Александар Македонски, периодот на Римјаните и Византија, отоманскиот период па сè до следните светски војни, ќе се види дека Израел и Македонија имале слична, ако не и идентична судбина. Имено, низ овој долг и важен период во Македонија само две нации го избрале името на земјата како дел од нивниот идентитет – древните Македонци и Македонците денес. Македонците ја добија својата независност, социјалните, политичките и културните права во 1944 година, за во 1991 година да се конституира независна, суверена и самостојна држава – Република Македонија, а Евреите ја конституираа својата прва татковина Израел во 1948 година. Меѓу другото, во летописот на Ерусалим се наоѓа и името на Александар Македонски. Имено, Ерусалим бил освојуван од бројни воини, меѓу кои и од Александар Македонски. Ин­тересно е тоа што градот доживува значаен процут за времето на Александар Македонски, кој овде дошол во 332 година пред новата ера, про­терувајќи ги оттука Персијците. Во неговото време, како и во времето на неговиот наследник Птоломеј, Ерусалим јакнел како религиозен центар и станал израз на духовната хармонија на Израелците. Според светските документи Евреите се можеби најстарата жива цивилизација на планетата. Според пишаните траги, преданијата, верувањата, Стариот завет на Библијата тие се прародители и на христијаните (Исус бил Евреин) и на муслиманите – синови на Исак и Абрахам (Иса и Ибрахим) Христијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе патувања, во текот на коишто тој проповедал меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија бил четири пати. Во тоа време Македонија била во составот на Римската Империја, исто како Израел, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во „Дела на светите апостоли“ најверојатно напишано од страна на апостол Лука. Евреите, пак, во долгиот и тежок пат на опстојување, во времето кога Римјаните го разрушиле Ерусалим и во пламенот на огинот изгорел Светиот храм, тогаш Јудеја била разграбена и опустошена. На Евреите им било забрането да живеат во нивната татковина Јудеја, со што настапува големото еврејско раселување по светот. Потоа во Јудеја доаѓаат муслиманите, крстоносците, Отоманците и секој на свој начин се однесува кон овој народ. Според пишаните документи првите Евреи пристигнале во Македонија за време на Римското Царство, кога Евреите пребегнувале од Израел поради гонење. Најстар доказ за постоењето на Евреите во Македонија е старата синагога која потекнува од III век пр.н.е. во античкиот град Стоби. Поголемите македонски градови како што се Солун, Скопје, Битола, Штип и други привлекле голем број Евреи и оваа заедница била во мошне добри односи со другото население во Македонија. Продолжува 1slav kat Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Ерусалим е светото место на трите најголеми религии, центарот на светот, местото каде може да се сретнат локации на кои во исто време има остатоци од црква која била изградена и срушена, па на истото место синагога изградена па срушена, и на крај изградена џамија. Ерусалим е место кое е свето и за христијаните, и за Евреите и за муслиманите. Местото каде што е создадено сè што е свето, но во исто време е срушено и повторно изградено.

Градот е единственото место каде што една до друга се најблиску трите религии, но и место каде што се и најмногу поделени. Тоа се гледа во организацијата на стариот град на Ерусалим кој е поделен на четири дела, христијански, муслимански, еврејски и ерменски. Ерменците се сметаат како најстара христијанска нација, затоа што биле први кои го примиле христијанството.

Ова место по многу нешта е поврзано со Исус и неговите последни денови, местото на Исусовата голгота. Главната фигура на оваа слика е Ал -Акса џамијата, свето место за муслиманите.

Според преданијата, христијаните го чекаат повторното појавување на Исус, муслиманите го чекаат појавувањето на зелениот конец кој треба да ја поврзе Ал – Акса со Маслиновата Гора, а Евреите чекаат да се појави, како што тие велат, вистинскиот месија, но не знаат како точно треба да изгледа

Израел не е само земјата на минатото, туку таа е земја на денешницата и иднината. Во Ерусалим се наоѓа музејот „Јад ва’Шем“ чија мисија била да изврши комеморација и документација на настаните, како и целосна селекција, истражување и публикување на доказите за холокаустот, потоа да направи избор и регистрација на имињата од жртвите, како и понатаму да истражува и да ги едуцира генерациите што доаѓаат. Оваа современа институција на Израел е една од најопремените во светот која може да послужи за пример.

Во Тел Авив, пак, се наоѓа Музејот за дијаспората. Овој музеј ја отсликува и презентира историјата на еврејскиот народ од времето кога тие биле истерани од земјата Израел. Музејот за дијаспората го презентира вистинскиот и единствен историски развој на еврејскиот на­род континуирано во целиот период на постоењето.

Преку прикажување на култур­ни­те, националните, образовните, семејните, религиозните и друг напредок, преку на­по­рите и настојувањата кон поубава иднина се сака да се стекне, да се придобие, од­носно да се трасира еден широк двонасочен пат на личната и многувековна историска карта на идентификацијата на еврејскиот народ.

Македонско-израелските мостови на поврзување, соработка и заемно почитување траат од многу одамна. Почнувајќи од древниот период па сè до денес, Израел како и Македонија бил, е и ќе биде раскрсница на различни нации, цивилизации, култури, јазици и религии. Затоа, со право се вели дека историјата на Евреите и историјата на Македонците е тесно поврзана.

Почнувајќи од древните времиња на Александар Македонски, периодот на Римјаните и Византија, отоманскиот период па сè до следните светски војни, ќе се види дека Израел и Македонија имале слична, ако не и идентична судбина. Имено, низ овој долг и важен период во Македонија само две нации го избрале името на земјата како дел од нивниот идентитет – древните Македонци и Македонците денес.

Македонците ја добија својата независност, социјалните, политичките и културните права во 1944 година, за во 1991 година да се конституира независна, суверена и самостојна држава – Република Македонија, а Евреите ја конституираа својата прва татковина Израел во 1948 година.

Меѓу другото, во летописот на Ерусалим се наоѓа и името на Александар Македонски. Имено, Ерусалим бил освојуван од бројни воини, меѓу кои и од Александар Македонски. Ин­тересно е тоа што градот доживува значаен процут за времето на Александар Македонски, кој овде дошол во 332 година пред новата ера, про­терувајќи ги оттука Персијците. Во неговото време, како и во времето на неговиот наследник Птоломеј, Ерусалим јакнел како религиозен центар и станал израз на духовната хармонија на Израелците.

Според светските документи Евреите се можеби најстарата жива цивилизација на планетата. Според пишаните траги, преданијата, верувањата, Стариот завет на Библијата тие се прародители и на христијаните (Исус бил Евреин) и на муслиманите – синови на Исак и Абрахам (Иса и Ибрахим)

Христијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе патувања, во текот на коишто тој проповедал меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија бил четири пати.

Во тоа време Македонија била во составот на Римската Империја, исто како Израел, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во „Дела на светите апостоли“ најверојатно напишано од страна на апостол Лука.

Евреите, пак, во долгиот и тежок пат на опстојување, во времето кога Римјаните го разрушиле Ерусалим и во пламенот на огинот изгорел Светиот храм, тогаш Јудеја била разграбена и опустошена. На Евреите им било забрането да живеат во нивната татковина Јудеја, со што настапува големото еврејско раселување по светот. Потоа во Јудеја доаѓаат муслиманите, крстоносците, Отоманците и секој на свој начин се однесува кон овој народ.

Според пишаните документи првите Евреи пристигнале во Македонија за време на Римското Царство, кога Евреите пребегнувале од Израел поради гонење. Најстар доказ за постоењето на Евреите во Македонија е старата синагога која потекнува од III век пр.н.е. во античкиот град Стоби.

Поголемите македонски градови како што се Солун, Скопје, Битола, Штип и други привлекле голем број Евреи и оваа заедница била во мошне добри односи со другото население во Македонија.

Продолжува

1slav kat Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *