ПОДГОТОВКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА ПЕРСИСКАТА ВОЈНА

ПОДГОТОВКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА ПЕРСИСКАТА ВОЈНА (7)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН

Военоморнаричката супериорност на непријателот имаше значајно влијание врз плановите на Александар Македонски за војување. Бидејќи персиската морнарица го контролираше морето, најголемата опасност доаѓаше од можноста Големиот крал да ја префрли војната на почвата на Античка Грција и со своето огромно богатство да ги присили античките Грците да војуваат против Александар.

Како решение морето не доаѓаше предвид поради недоволната сила и недоверливата природа на античката грчка флота, па затоа Александар Македонски направи вешт план за парализирање на поморското предимство на противникот, со тоа што со копнената војска прво го освои медитеранскиот брег на Персиската империја, со цел да ги окупира важните места и пристаништа на персиската флота, а пред сé целото феникиско крајбрежје.

Александар не навлезе длабоко во Азија се додека детално не ја реализира својата програма. Бидејќи тешко може да се претпостави каква беше неговата замисла за  освојување кога премина во Азија, не се знае кога е направен овој стратешки план, пред или во текот на победоносниот напад.

Силата на Александар Македонски беше во копнената војска. Врз неа, особено врз неспоредливо силната античка македонска елита, што неговиот татко му ја остави во наследство, а која беше обучена до совршенство, како и врз самодовербата на војничкиот гениј, се темелеше апсолутната сигурност на победата. He само што тоа му ја заситуваше душата на младиот крал туку со тоа успеа да ги инспирира своите антички Македонци кои му беа неограничено верни. Без неговата сигурност за победа и без непобедливата желба за освојување, многу акции и успеси на Александар ќе беа нејасни.

Неговата војска беше помалубројна според онаа на противникот. Вклучувајќи ги античките грчки контингенти и околу 5.000 антички грчки наемници и контингентите на Тракијците, Агријаните и другите балкански племиња, војската на Александар Македонски, кога премина во Азија, броеше околу 30.000 пешаци и 5.000 коњаници. Во коњицата беа вклучени 1.500 антички македонски коњаници (кралски следбеници), кои независно од кралскиот полк беа регрутирани од местата крај брегот што беа приклучени кон кралството на Филип Македонски.

Регрутите од дворјанството од пределите на Стара Македонија, меѓутоа, останаа во заднината со Антипатер. Отпорот на луѓето од Стара Македонија што подоцна беше насочен против Александар, кога тој ги запостави античките македонски интереси, дојде повеќе од македонската пешадија отколку од кралските следбеници.
На прашањето со колкава војска Дариј располагал во рамките на државата тешко е да се одговори. Неговата империја која се протегаше дури до границите на Индија имаше теоретски непроценливи можности, но практично тие беа ограничени од огромното    растојание и според тоа имаше големи тешкотии за регрутирање. Може само да се постави прашањето колку војска Големиот крал, всушност, беше вклучил на бојното поле против Александар во одделни борби.

Ако ги напуштиме страшно големите бројки, што традиционално се спомнуваат, како што се направи тоа за персиските војни од четвртиот век, непобитно е дека Александар Македонски ги доби трите битки, Граник, Ис и Гавгамела, против супериорно побројниот непријател, чиј број се зголемуваше во секоја прилика.
Покрај избраната војска од Персија и Источен Иран, Големиот крал, како и неговите претходници особено се потпре врз античките грчки наемници, наспроти одлуката на Коринтската лига дека ниеден антички Грк не смее да стапи во воена служба како наемник во Персија. Така, неколку илјади антички грчки наемници му служеа на Големиот крал, а некои од нив му беа верни до неговото пропаѓање.

Инаку, позабележителна беше инфериорноста на Александар Македонски од финансиски аспект. Големиот крал имаше на располагање неограничено богатство од сребро и злато, сместено во благајните на поголеми градови. Кога стапи на  должност,  Александар  во државната благајна затекна скудни 60 таланти готови пари, потоа зеде на заем 500 таланти, кон кои мораше да го додаде својот поранешен заем од 800 таланти.
Под претпоставка дека овие бројки се точни изненадува фактот ако според една друга пресметка, што е исто така непроверена, Александар Македонски должел само 200 таланти кога заминал за Азија. Во секој случај бил должен кога го премина Хелеспонт. Се вели дека имал само 70 таланти во готово за одржување на својата војска и залихи за не повеќе од триесет дена. Доколку немаше доверба во победата, ќе беше наречен авантурист. Но, Александар сметаше со апсолутна сигурност дека непријателските земји ќе му ја хранат војската, што се покажа точно.

Неговата самоувереност во победата делумно објаснува зошто уште на почетокот беше повел со себе историчар кој требало да ја пишува историјата за да ги информира античките Грците за подвизите во Азија. Историчарот беше Калистен од Олинт, внук и ученик на Аристотел, кој му го препорача на кралот за оваа работа. Калистен веќе беше познат во античката грчка историја со  делото „Хеленика” што се појави во тоа време.

Преку посредувањето на Калистен, кого го славеше како реалист на панелинистичката идеја, Александар Македонски имаше намера прво да изврши влијание врз античкото грчко чувство. Во исто време, чудата на Исток што се надеваше дека ќе ги види, требаше да се опишат за доброто на античките Грци. Подоцна менталните промени го доведоа кралот во трагичен судир со својот историчар. Калистен направи прв книжевен опис за азискоатичкиот поход, а дотогаш под контрола на Александар Македонски, Калистен го усвои панегиричкиот јазик.

Продолжува


Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *