ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Роман „Александа Велики“ од германскиот научник Улрих Вилкен (Ulrlich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), го преведе и прилагоди од англиски на македонски како „Александар Македонски“ Славе Николовски-Катин, а го издаде Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година, на 390 страници. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесет и пет години.
Тој ги отвори широко портите ние денешните Македонците да се запознаеме со нашето минато, а таа дејност да ја продолжат бројни интелектуалци, зошто во овој долг и богат со настани временски период, само два народа се нарекле Македонци: античките Македонци и сегашните Македонци кои денес живеат на просторот на етничка Македонија и на сите континенти во светот.
Во романот е забележано дека Александар Македонски започна да го прогонува непријателот по целата линија, како и на неговиот татко така и неговата цел беше целосно уништување на непријателот. Им дојде зад грб на античките грчки наемници, кои беа сведоци на несфатливата тактика на персиските дворјани
Александар Македонски и нареди на својата фаланга да нападне фронтално, додека коњицата нападна отстрана, со што овие антички грчки единици беа целосно уништени, со исклучок на околу 2.000 преживеани. Тоа спречи еден дел од коњицата да учествува во натамошното прогонување на непријателот.
Така, по неколку часа на едно попладне во мај 334 година, беше извојувана голема победа, пред сé, како резултат на генијалната стратешка подготвеност на Александар Македонски, како и на супериорната вооруженост на единиците. Како што раскажува добро информираниот Аријан, во решавачката коњичка битка античкото македонско фрлање на копје се покажа подобро од персиското.
Ова фрлање на копјата беше ужасно, бидејќи Античките Македонци под команда на Александар Македонски ги погодуваа своите цели што е можно повеќе, а ваквата супериорност на оружјето ја поттикнуваше коњицата да победува.
Загубите на кралските следбеници беа сосем мали и изнесуваа само 25 души од полкот што беше испратен да се бори против Мемнон, додека другата коњица даде околу 60, а пешадијата околу 30 жртви. Вака малите загуби звучат сомнително, но кон тоа мора да се додадат ранетите од кои голем број умреа.
Александар Македонски му нареди на скулпторот Лисип да направи статуи за тие 25 кралски следбеници, кои беа поставени во Дион во Македонија, а нивните семејства беа ослободени од плаќање данок. Кај Персијците веројатно мнозина настрадаа, а особено загинаа многумина нивни водачи.
На денот по битката Александар Македонски направи свечен погреб не само за своите луѓе, туку и за Персијците. Тој покажа човечност и големо внимание спрема ранетите. Ги повика пред себе да му ги покажат раните и да му раскажат како ги добиле. Им посвети големо внимание дури и кога тие покажуваа извесна суетност. Оттука може да се сфати со каков ентузијазам војската се жртвуваше за таков водач.
Co итра дипломатија што ја стекна во неодамнешните незгоди во Атничка Грција, Александар Македонски со способност на генералисимус од панелинистичката војна за одмазда, оваа победа на Граник ја обнароди во светот како победа на Коринтската лига.
Ова е значењето на посветениот напис што беше изгравиран по негова наредба на триста персиски оклопи што ги испрати во Атина за да бидат приложени како жртви за доброто на Акропол, а на кои пишуваше: „Александар Македонски, синот на Филип Македонски, и сите Елини, но не и Лакедемонијанците, го присвоија ова од варварите кои ја населуваат Азија”.
Немаше ниту збор за неговите Македонци. A од античките грчки контингенти беше ангажирана само коњицата. Исто така, значајно е што Александар Македонски не се опишува сам како крал, a co јазикот на панелинистичката пропаганда, Персијците ги нарече варвари.
На ист начин, со намера да се почитува Лигата и ставајќи се себеси во положба на избран генералисимус, заробените антички грчки наемници ги испрати во окови на принудна работа во Македонија, затоа што „спротивно на одлуката на Лигата на Елините, тие се бореа за варварите, а против Елините”.
Дворскиот историчар Калистен го прослави Граник како панелинистичка победа. Кога вели дека бербата се водела на Адрастеанското поле, a во објаснување на името го спомнува и стариот крал Адраст, кој направи култ од Немас во овој регион, тој веројатно гледа божественост во фактот што Александар Македонски победи овде како „одмаздник” на Античка Грција.
Александар Македонски не отиде да војува единствено како генерал на Лигата, туку исто така и како крал чии цели беа да освои територии засебе. Несомнено, точно беше пренесена идејата со приказната на Клитарх, кога Александар Македонски го фрлил копјето пред себе при истоварувањето на азискиот брег.
Од моментот кога стапи на азискоатичката почва, како што покажаа неговите натамошни акции, Александар Македонски ја сметаше како „земја освоена со своето копје”. Во таа смисла Дијадохите го употребија истиот израз за да го потврдат незаконското постоење на своите освојувачи.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН