МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ“ ЗА БИЗНИСМЕНОТ ВО САД

1ved1

Монографијата  „Светозар – Светле (Стив) Стамевски“ и неговото семејство чии корени      се во селото Одри, Тетовско, а втората татковина им се Соединетите Американски Државо  во метрополата Детроит, ја подготви за печат  авторот Славе  Николовски – Катин, а делото го отпечати книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје во 2005 година на 222 колор  страницу на македонски и на англиски јазик Николовски – Катин, а делото го отпечати книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје во 2005 година на 222 колор  страницу на македонски и на англиски јазик 

Делото „Стамевски“ е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид и претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар–Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш Јуниор и на неговото семејство. Инаку, на Светле Стамевски крстеното име му е Светозар, а во Америка го викаат Стив.

Монографијата  е поделена на девет делови. Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословието на ова семејство, нивниот историски развој во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во македонската заедница, особено во Македонската православна црква „Света Богородица“ во Детроит и други значајни настани, кои оваа книга ја прават интересна за читање.

Во монографијата за Светле (Стив) Стамевски се вели дека една од значајните личности која дала голем придонес во афирмирањето на самостојноста на Република Македонија и нејзино признавање од страна на Соединетите Американски Држави, секако е Светле (Стив) Стамевски, бизнисмен, политичар, сопартиец и пријател на американскиот претседател Џорџ Буш – Јуниор.

Книгава е монографија за семејството Стамевски, од село Одри, Полог, Македонија, кое од втората деценија на минатиот век живее и работи во Соединетите Американски Држави, во Детроит, во државата Мичиген. Целосна претстава за нив може да се добие само под еден услов: ако за проекцијата на Стамевци се прекрши родното огниште Одри, Тетовско како негов атар и Македонија како Татковина.

Така историјата за нив ќе биде комплетна, особено за оние во чии раце ќе се најде оваа книга, за американските пријатели на Светле (Стив) и неговите нови генерации, но и на оние во татковината кои сѐ уште немаат целосна претстава за неа. А не знаат како да ѝ помогнат. Таа лекција ќе ја научат од Светле (Стив) Стамевски, кој не кренал раце од неговото родно место Одри во Полог и Македонија.

На 24 септември 2006 година, во просториите на Македонска православна црква „Света Богородица“ во Детроит, САД, се одржала промоција на монографијата за успешниот бизнисмен Светле (Стив) Стамевски. На промоцијата зборувал свештеникот Благоја Ацевски, кој го изнел следното:

„Автор на ова двoјазично дело е познатиот и признат истражувач на Македонците во дијаспората, новинарот и публицист Славе Николовски-Катин, а делото го издаде Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје. Оваа значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид, претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар-Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џорџ  Буш Јуниор и на неговото семејство.

Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословието на ова семејство, нивниот историски развој во Македонија и во САД, прија-телството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во македонската заедница, особено во Македонската православна црква „Света Богородица“ во Детроит и други значајни настани, кои оваа книга ја прават интересна за читање. Со оваа монографија Славе Николовски-Катин уште еднаш успеал да оттргне од заборавот и да овековечи дел од животот на македонските иселеници, овој пат преку личноста и делото на познатиот и признат бизнисмен и виден Американец од македонско потекло, Светле-Стив Стамевски“, истакнал свештеникот Благоја Ацевски.

Исто така, на триесет и четвртите „Љубански илинденски иселенички средби“ во 2007 година  продолжиле традициите  од предходните години. Тие започнале во „Чивлик“ пред културното љубанско наследство „Воденицата“. Пред големиот број посетители на средбите се одржала промоција на две монографии за македонски иселеници од Америка и тоа: „Светле–Стив Стамевски“ од Детроит и „Ѓорѓи–Џорџ Томов“ од Њујорк, чии автор е Славе Катин.

За монографијата посветена на познатиот иселеник од тетовскиот крај, Светле (Стив) Стамевски кој е сопартиец и пријател на семејството Буш и има заслуги во активностите САД да ја признае Република Македонија под уставното име, зборувал проф. д-р Димитар (Таки) Керамичиев, тогашен претседател на Матицата на иселениците од Македонија.

Инаку, во порталите „Македонска нација“ и „Македонско сонце“ од Скопје, од монографијата „Светле (Стив) Стамевски“   биле печатени 32 продолженија од ова дело, што значеше запознавање со македонските иселеници..

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *