ДЕЛ ОД ВОЕНИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ СОСТОЈБИТЕ И РАСПАЃАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА

Пред да продолжиме со сторијава, сакамe да направиме мала дигресија овде и да го истражам развојот на запад, со посебен акцент врз Рим. Имено, како што е претходно спомнато, да живеел Александар подолго, ќе ја нападнел Картагина, па така картагинскоримскиот конфликт и пунските војни немало да се случат.

Картагина била збратимен град со Тир и му помогнала на Тир да се одбрани од опсадата на Александар која траела долго. Продолжената одбрана на Тир го чинела Александар 210 луѓе, ресурси, пари и време. Александар не бил од оној тип што простува и ќе направел Картагина скапо да плати за нјзиното мешање во неговите работи. За жал, Александар умрел, неговите планови биле откажани и ниеден од неговите наследници немал интуиција да ги види заканувачките опасности кои демнеле на запад.

Во текот и по времето на Александар имало многу малку меѓусебни дејства на македонските владетели и оние на запад. Имало градови-држави по должнината на крајбрежјето, Сицилија посебно, но во најголем дел тие биле оставени сами да се бранат.

1a2le2 Картагина

Првото големо незаконско поминување на границата од страна на Рим на запад било во Сицилија во текот на Првата пунска војна која започнала во 264 година пред Христа, а завршила во 241 година пред Христа. Потоа, Рим ја окупирал Сицилија и во 212 година пред Христа ја направил римска провинција, идеално отскочно место за спроведување походи против големото трговско царство на Картагина /Carthage/.

Сицилија, во тоа време, била регион полн со варварски држави каде насилствата, масовните погубување, тортурите, силувањата, пљачкосувањата и поробувањата биле секојдневни, а најголемиот дел биле извршувани од Римјаните. Пред присвојувањето на Сицилија од Римјаните, таа служела како бариера или неутална зона помеѓу големите сили и од исток и од запад.

Сицилија, исто така, била отскочно место за поголемиот дел од пиратствата што се случувале во медитеранските води. Градот Сиракуза /Syracuse/ имал важна улога во текот на тие времиња, бидејќи бил место каде прогонетите, симнатите и тираните обично завршувале, откако биле протерувани од нивните татковини. За оние со моќ и влијание, власта била лесен залак и Сицилијанците имале свој удел и во добрите и во лошите времиња, но најмногу во лошите.

Откако Римјаните ја направиле Сицилија своја провинција, животот за обичниот Сицилијанец се претворил во нешто најлошо. Римјаните нe воделе сметка ниту за Сицилијанците, ниту пак за човековите вредности. Тие, единствено, се грижеле за профит и бескрајно ја ограбувале Сицилија. Но, тоа било само почеток. Римјаните тукушто вкусиле малку од она што допрва ќе дојде.

Како што е претходно спомнато, еден од моќните играчи од македонсиот свет кој се осмелил да оди на запад и да изрши значително влијание врз Рим, бил Пирх. Тој бил повикан во Италија во 280 година пред Христа, со молба за помош од Тарентјаните /Terentines/ кои имале свои лични проблеми со Римјаните. Пирх се одзвал на повикот, и дури му била дадена помош од други македонски владетели на кои им било мило тој да оди и да остане надвор од нивните работи.

Пирх, користејќи ги слоновите што му ги дале македонските владетели, постигнал бројни победи на Сицилија, но предизвикал верижни настани кои во иднина ќе имаат реперкусии. Неговото присуство и серијата победи предизвикале голема загриженост за Картагина до онаа точка, до која таа била волна да ги остави настрана нејзините разлики со Рим и да формира привремен сојуз против Пирх.

За да го спречат да изршува походи во Африка, флотата на Пирх била нападната и потопена од Картагинците. Потоа, откако преминал во Италија, Пирх ја поминал зимата во Тарас, со планови за северна офанзива на есен, која никогаш не се материјализирала. Во текот на летото 275 година пред Христа, тој бил нападнат и победен од Римјаните кои дотогаш научиле како да се справат со слоновите.

Во текот на истата година, Римјаните го нападнале и зазеле Тарас, што ги донело чекор поблиску до Македонија. Откако Пирх бил победен и тргнат од патот, немало некоја значителна сила освен Картагина која би застанала против Рим на запад или би го предизвикала на домашен терен.

По смртта на Александар и завршувањето на ламинските војни, најголемиот дел од оние што ние денес ги нарекуваме градови-држави ги изгубиле своите привилегии што им ги доделиле Филип II и Александар III. Во текот на приближно педесет години по смртта на Александар, тие биле управувани од Македонци и биле користени како пиони во големата борба за доминација. Но, во текот на подоцнежните години, некои од државите се организирале во лиги, но за жал никогаш не биле способни да ги одржат сојузите премногу долго.

Ова делумно се должело на карактеристичната политика што ја воделе на домашен план, а делумно на надворешното влијание од богатите и моќните македонски владетели. Членовите на семејството Птоломеј  никогаш не се двоумеле да ја снабдат Атина со жито само за да поттикнат проблеми за членовите на семејството Антигониди. Речиси секој конфликт бил инициран во име на повторното воспоставување на правата на градовите-држави, а завршувале со повеќе изгубени отколку добиени права.

Додека јужните градови-држави не успевале во своите обиди да поддржат сојузи меѓусебе, Деметриј II, синот и наследникот на Антигон Гонатас, бил многу зафатен со подградување на свои сопствени сојузи. Во 239 година пред Христа, за да обезбеди поддршка против Илирите на неговите западни граници, се оженил со Фтија /Phthia/, принцеза на Епирот (регион на Епир). Во 238 година пред Христа, Фтија му родила син на Деметриј кој соодветно го крстил Филип, кој во иднина ќе стане Филип V Македонски. Токму во тоа време, лигите на градовите-држави почнале да напредуваат во развојот на нивните сојузи, а со силата дошло и антимакедонско чувство.

Решен да интервенира, Деметриј, поради внатрешни конфликти, ја изгубил својата поддршка од Епир и не бил способен сам да ја изврши истата. Тоа како да не било доволно, па лигите сега им се заканувале на своите поранешни сојузници со остри казни во случај тие да интервенираат. Решен да го промени текот на настаните, Деметриј побарал помош од Илирите кои биле желни да помогнат само за да си помогнат себеси.

1a2le3

Платени од Деметриј, Илирите прво извршиле инвазија на Епир, потоа на брегот на Јадранот и пљачкале се што било на нивниот пат. Успеале да извршат инвазија на некои територии на лигите и, исто така, и тие ги опљачкале. До 229 година пред Христа, тие тргнале во напад и извршиле инвазија на италијанскиот брег и дотогаш веќе го привлекле вниманието на Рим. Во меѓувреме, на Пелопонез, Илирите започнале да формираат сојузи со некои лиги на градовите-држави и размислувале за инвазија на сите градови-држави.

Во меѓувреме, почнале да доаѓаат поплаки од двете страни на Јадранското Море. Италијанските трговци, чувствувајќи го критичното време поради постојаните ненадејни напади, му се жалеле на Рим. За возврат, Рим испратил претставници да извршат истрага со препорака да преземат нешто. Тие нападнале жестоко, со деморализирачка брзина, и ја  уништиле бројната супериорност. Илирите, чија вистинска цел во сето ова било да профитираат, а не да водат војна, брзо доживеале крах и, во 228 година пред Христа, се согласиле на договор.

Проблемите на Деметриј во оваа збрка биле решени на без тој да мора да мрдне со прст, но неговата неактивност му овозможила на Рим да заземе десантна база, односно упориште во илирските работи. Иако Рим, во тоа време, немал амбиции да ја прошири својата сфера на влијание источно од Италија, тој навистина ја демонстрирал својата воена моќ и својата волја да се бори.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1СЛАВЕ КАТИН