ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ“ ОД АВТОРОТ СЛАВЕ КАТИН
Според географските податоци, Соединети Американски Држави е федерална уставна република која се состои од педесет држави и еден федерален округ. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални дршави и Вашингтон се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атланскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа на северозападниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и со Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хавана, пак, е архипелаг во средниот Тихи Океан. Соединетите Држави исто така имаат под нивна јурисдикција и неколку терирории и островски подрачја во Карибикот и Тихиот Океан.
Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат еден крај друг многубројни народи и нации од сите расни групи со различни религии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, значајно место имаат и Македонците, кои ги уживаат сите права и слободи за развивање на своите национални чувства, на својата култура, религија и на сè она што што го донеле и го чуваат од етничка Македонија и ја карактеризира нивната самостојност и самобитност.
Во минатото Македонците на северноамериканскиот континент биле во поподредена положба во споредба со емиграцијата на соседните земји на Балканот. Затоа биле постојана цел на туѓите пропаганди. Соседните земји, со своите освојувачки и асимилаторски апетити, настојувале со сите сили и перфидни средства, да ги придобијат и да се наметнат на неорганизираните Македонци, со цел да ја деформираат и да ја потиснат нивната национална свест. Така заразени од туѓите пропаганди, за жал, како религиозни луѓе некои се приклучиле кон (про)бугарски, (про)српски, (про)грчки православни цркви и други организации и клубови.
Меѓутоа, положбата рапидно се смени по конституирањето на Република Македонија и особено по обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Како резултат на тие придобивки, Македонците во Соединетите Американски Држави формираа многу македонски православни цркви, манастири, црковни општини македонски друштва, клубови и различни асоцијации, отворија радија и ТВ-програми, започнаа да печатат весници, списанија и други информативни гласила на македонски јазик.
Детроит
Тоа придонело во новите средини тие да се претстават како засебна нација, со своја држава, со длабоки корени, со национална црква и со сите други атрибути на еден народ во светот. Македонските иселеници застанаа на страната на вистината, со цел да го афирмираат македонскиот народ и Република Македонија.
Америка отсекогаш била „ветената земја” за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни. Процесот на доселување непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во иднина. Во овој долг период на доселување, ако Њујорк станал центарот за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации, тогаш Детроит е средиштето на Македонците од сите делови на Македонија.
Детроит, каде Бошко Рајчовски – Пелистерски за првпас стапна на емиканската земја е центарот на автомобилската индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека” за Македонците. Најголем број нашинци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број, особено доселениците од Тетовско отвориле фурни, ресторани, слаткарници, дуќани и средни индустриски капацитети, во кои работат голем број доселеници од Македонија и пошироко од Балканот.
Детроит е велеград на езерото Ири – една од петте метрополи во Соединетите Американски Држави и седиште на автомобилските компании „Форд”, „Крајслер” и „Џенерал моторс”. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население, како и значаен културен, административен и спортски центар на тие американски простори.
Флорида, пак, ккоја за Бошко Рајчовски – Пелистерски е вториот дом е интересна и значајна од север со границата на државата Џорџија, па до југ кај Флоридскиот Мореуз, кој е еден од најважните морски теснеци на Западната хемисфера. Често се вели дека богатите Американци не случајно ја одбрале Флорида, каде живеат претежно во есен и зима.
Таму има безброј убави интересни и по многу нешта карактеристични простори, за кои е потребно многу време за да се видат. Меѓутоа, одличната инфраструктура, поврзаноста со главните и споредни сообраќајници патувањето го прават пријатно и интересно.
Според пишаните материјали, меѓу другото, се вели дека Флорида е сојузна држава на САД, на полуостровот Флорида, помеѓу Атланскиот Океан и Мексиканскиот Залив, чиј главен град е Телахаси, но се чини Мајами е најзначајниот град, како и градовите Џексонвил, Темпа и прочуените морски капалишта Мајами Бич, Палм Бич и Дејдона Бич. Флорида е пространа рамница, со песочни брегови и суптропска клима, со многу благи зими и топли лета.
Низ Флорида течат многу реки со бавен тек. Има голем број мочуришта и езера, а поголемо е езерото Окичоби. Туризмот е најразвиена гранка во САД, но, исто така, во Флорида е развиена и прехранбената, дрвната и други индустрии. По производство на минерални фосфати е прва во Западната хемисфера.
Инаку, Флорида ја открил шпанскиот истражувач Понсе де Леон во 1513 година. Под Шпанија била до 1763 година, потоа под Англија Се’ до 1983 година, кога повторна потпаднала под Шпанија. Во 1819 година Соединетите Американски Држави ја откупиле од Шпанија, меѓутоа долготрајната битка меѓу Соединетите Американски Држави и семинолските Индијанци оставила траги. Флорида е сојузна држава на Соединетите Американски Држави од 1845 година.
Таа е интересна и значајна од север со границата на државата Џорџија, па до југ кај Флоридскиот Мореуз, кој е еден од најважните морски теснеци на Западната хемисфера. Тој ја дели Флорида од Куба, а со тоа дели два различни света.
Во монденските летувалишта на Флорида – Форт Лодердел, живее Бошко Рајчовски – Пелистерски. Тој во текот на есента и зимата се преселуваат во Флорида. Инаку, Бошко Рајчовски – Пелистерски. во летниот период доаѓа во Македонија, во Љубојно и во Охрид, каде има свои живеалишта.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН