ЗНАЧАЈНИ МАКЕДОНСКИ РАДИА И ТВ ЧАСОВИ ВО ДЕТРОИТ

Појавата на македонскиот иселенички информативни гласила во иселеништвото е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет и на дедовската земја Македонија.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       Македонските информативни гласила, особено на северноамериканскиот континент имаат посебно значење и играат огромна улога во зачувувањето на македонскиот јазик, во продлабочувањето на националниот дух и са­мобитноста и за продолжување на културните традиции на Македон­ци­те во англосаксонскиот свет.

Радио часовите во дијаспората се оној интегративен фактор кој на македонските исе­ле­ници им овозможува не само да ги афирмираат своите активности по­вр­зани со националната припадност и културата, туку и да ги следат и бидат во тек со најбитните настани и случувања во нивната матична држава. Во истовреме, тие го збогатуваат и мозаикот на мултинационалните кул­тури во САД, Канада, зашто македонските културни вредности, во светски рамки, претставуваат највисок цивилизациски дострел на една од најстарите нации во светот – македонската нација.

Таков е случајот со информативните гласила во Детроит, во македонската најбројна доселеничка заедницана американскиот континент. Таму, во овие педесетина години се печателе весници и списанија, се отвориле бројни радио часови.  Меѓу тие македонски информатори, посебно место има Бошко Рајчовски-Пелистерски. Така, тој, заедно со авторот на овие редови беше основач и сопственик на весникот “Македонска искра”, од којазлезе еден број во 1967? Година. Меѓутоа, Бошко  повеќе од три децении  е  катадневен хроничар на настаните и  “гостин” во домовите на Македонците и тоа со неговата радио програма која го носи името   “Оро македонско”.

Радио часот “Оро Македонско” претставува лозинка, еден вид мостовник на иселениците меѓу старата и новата татковина со блокот на вести и информации за настаните во родната македонска земја. Македонската песна се слуша на сите простори во Детроит. Ја слушаат многу Македонци и други народи од Балканот. На овој радио час и други емиси, особено пренесени од емисиите на Радио Скопје. Бошко посветил огромно внимание на прославите, свадбите, веридбите, личните информации, поздрави и честитки. Исто так, објавил многу интервјуа со познати политички, културни, спортски, естрадни и бизнис имиња од американскиот живот и секако од татковината.

Радио часот доживеал многу прослави. Така, за триесетгодишиот јубилеј  тогашниот македонски амбасадор во Вашингтон Љубица Аческа поздравувајќи го и изразувајќи му признание за големата мисија на овој радио, меѓу другото  рече: “И кога немавме амбасадор во Америка,  Оро македонско  вршеше амбасадорска улога”.

2isel23

Македонскиот радио час “Оро македонско” претставува, движечка полуга на македонскиот дух и опстој, за што Бошко е горд.  Преку “Оро македонско” им ја ублажувам болката и носталгијата на оние наши луѓе кои со себе го носат непреболот за родниот  крај. Бошко имал плодна соработка со Матицата на иселеницитеод Македонија. А, пак, во списанието “Македонија” често учествувал со свои текстови. Сето тоа го поттикна се повеќе да создава творештво и да ја сака својата земја од каде што му се корените.

Во исто време Бошко Пелистерски е многу благодарен  за домаќинот, за земјата на неговиот животен пристан – Америка,  средина што  му овозможува непречено развивање на неговиот творечки  дух и на прилагодувањето во новата средина.

Свесен е за придонесот од САД кон натамошното успешно  и непречено декларирање  на нашата нација  и условите кои се пружаат за  континуирано успешно спроведување и развивање  на црковните општини и културни центри,  низ целата земја, низ целиот овој северноамерикански континент.

Постојано ја искажува неговата најискрена благодарност кон САД. Кога дојде во Америка во 1964 година, Бошко немаше самостојна македонската држава и црква. Сите одеа по други цркви, особено во тнр. Македонско-бугарска црква Свети Климент од Охрид. Долги преговори тој лично водеше оваа црква да потпадне  под  јуриздикција на Македонската православна црква, но без успех.е

Меѓутоа, Бошко Рајчовски беше упорен во намерата да се направи некое посебно, македонско катче во Детроит, оти доста беа асимилации, доста беа негации, доста му беше на македонскиот народ  секој да посегнува по неговото  име и идентитет. Затоа, во 1967 година, Бошко и Мич Митровиќ (Миле Пашариковски) го основаат  првиот Македонски клуб во метрополата на државата Мичиген- Детроит. Тоа беше никулецот на самоорганизирачкиот “поход” на Македонците кои натаму уште поинтензивно почнаа да формираат најразлични друштва и асоцијации.

Новоформираниот Македонски клуб покрај фидбалските натпревари организираше и културни настани, средби, концерти и дружњење на нашите луѓе во овој дел на американската држава. Во новото катче  доаѓањето на гости од Македонија стана традиција, и нема да се заборават концертите на пример  на Кочо Петровски, Александар Сариевски, Виолета Томовска, Васка Илиева, и многу, многу други звучни имиња на македонската естрада., како и глумци од различни генерации, кои се претставија во најубава светлина, како на Пример Петре Прличко и др.

Иато така и Академикот Димитар Митрев беше еден од угледните гости поканет од клубот, заедно со  многу други познати личности од академскиот живот  и творечкиот опфат, потоа истакнатиот поет Љубен  Ташковски, и уште редица многу познати културни дејци.

Во тоа време се формира и фолклорна група, исто така за првпат, која беше собираличте замладите генерации и расадник за идните фолклористи. Со успешните фолклорни настапи Македонците се афирмираа пред другите етнички групи и ги собираа симпатиите. Со тоа постепено животот печалбарски добива поинтересни димензии и поинтересно  секојдневие.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН